Сè повеќе деца покажуваат дека немаат мерка во користењето на мобилните телефони, а освен тоа што поради тоа им трпи образовниот процес, остава траги и на нивната психа, истакнуваат експертите.
Прекумерната употреба на мобилни телефони предизвикува зависност и остава траги на детската психа, децата одат да спијат со нив, се будат, јадат, играат, учат, а последиците се зголемување на бројот на деца со ментални нарушувања и насилство кај врсниците, дебелина па дури и дигитална деменција, предупредуваат експертите.
Бројни студии во светот укажуваат на зголемување на ризикот за ментално здравје, особено во адолесцентната возраст, но тоа сé повеќе се намалува на помала возраст.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), секој седми адолесцент на возраст од 10 до 19 години има некои проблеми со менталното здравје.
Здравствената слика на училишните деца и младите покажа дека повеќе девојчиња и момчиња имаат некакво ментално растројство и дека зачестеноста е поголема кај момчињата отколку кај девојчињата.
Поради зголемената употреба на мобилни телефони, не само од децата, туку и од родителите, неопходно е да се зајакне свеста за тоа колку е важно да не се користат мобилни телефони во домашната и семејната атмосфера, а најмалку на училиште.
Психијатрите предупредуваат на употреба на мобилни телефони за време на училишните часови и долгите одмори. Децата се помалку фокусирани на наставниот процес, недостига социјализација, има сајбер-малтретирање, анксиозност, нарушувања во исхраната, има искривена слика за себе и има и неовластено фотографирање на наставниците. Достапни се социјалните мрежи и несоодветната содржина, па се случува насилство, самоповредување и слично.
Опасноста од дигитална деменција
Појавата на дигитална деменција треба да биде особено загрижувачка. Станува збор за низа симптоми и знаци кои влијаат на намалувањето на когнитивната функција и се слични на оние на деменцијата, а се појавуваат како резултат на прекумерна и неадекватна употреба на дигитални технологии како мобилни телефони, таблети и компјутери.
Децата со мобилните телефони снимаат буквално сè, дури и што не треба, а снимките често ги користат за да ги исмеваат своите пријатели и соученици и да објавуваат на социјалните мрежи. Исто така, пребарувањето за информации за самоубиства и самоповредување кај децата и адолесцентите е зголемено.
Треба да го вратиме интересот на општеството за превенција, да развиеме мрежа на соработка меѓу институциите, здруженијата и поединците, да усвоиме и примениме примери на добри практики, а родителите да играат клучна улога покрај образовниот систем.
Голем број од учениците од седмо и осмо одделение заспиваат по 23 часот бидејќи поминуваат време на мобилни телефони, поради што наутро на час доаѓаат поспани.
Дете кое учи со мобилен телефон, а постојано добива пораки, не може да се концентрира на учење или да го задржи фокусот. Тоа се фактори кои влијаат на нивниот успех и учење. Не можеме да кажеме дека тоа е случај со сите, ниту пак сите деца се зависни од мобилни телефони, но забележуваме дека ги има се повеќе кои се плашат дека ќе го изгубат мобилниот телефон и ќе завршат во затвор, а тоа е она што не загрижува.