Збогатете ја вашата искрана со хранливите својства на рукола

72

Иако во светската кујна се користи веќе со децении, руколата последните неколку години стана вистински хит и во домашната исхрана.

Станува збор за медитеранско зелјесто растение од родот на брокулата, зелката и кељот.

Има благо-горчлив вкус и за разлика од дивата рукола, градинарската е покрупна и погорка.

Богата е со витамин „Ц“, витамини од „Б“ комплексот, пектин, калциум, фосфор, железо, магнезиум, калиум и бакар. Се состои воглавно од вода и има многу јаглехидрати и белковини.

Содржи активни состојки кои имаат антиканцерогени својства, позитивно влијае на здравјето и го намалува ризикот од многу болести.