КУКЛАТА “СО ЖИВИ ОЧИ’ | Мртва девојка со децении стои во излогот на продавница за венчаници ?!

1393

Велат умрела на денот на венчавката, а мајка ѝ не можела да се раздели од неа.

Ова е легендата за La Pascualiti.

Колку пати во животот сте поминале покрај кукла во излог, сте погледнале за момент што трговците ѝ облекле, и сте поминале без ништо посебно да ви помине низ главата?

Па, ако некогаш се најдете во Мексико, ако вашето патување ве однесе до градот Chihuahua, гарантираме дека нема само да поминете покрај една продавница толку набрзина.

Ова е легендата за “La Pascualiti”, за која последниве денови се распишале сите локални медиуми, а вели дека мртва девојка со децении стои во излогот на продавница за венчаници.

Судејќи според она што го пишува весникот Diario de Querétaro, куклата во 30-тите години на минатиот век од Франција ја донела во градот Pascualita Esparza Perales de Pérez, тогашна сопственичка на продавницата наречена “La Popular”.

На граѓаните не им требало многу време за да забележат сосема необични детали на куклата, што набрзо ги поттикнало гласините дека куклата можеби и не е толку обична, еднаква на останатите.

Луѓето биле запрепастени од деталите, ноктите, кожата на рацете, очите… а некој набрзо забележал дека таа чудно потсетува на починатата ќерка на покојната дама.

Така започнала приказната дека познатата “La Pascualita” всушност била балсамирана девојка, која починала на денот на сопствената свадба откако ја каснала скорпија.

Приказната понатаму вели, несреќната мајка не можела да се помири со својата трагична судбина, па ја балсамирала својата миленичка за да може да ја гледа и биде со неа секој ден.

Таа ѝ ја облекла венчаницата, ја ставила во излогот на својата продавница, а La Pascualita останала таму да стои сите овие години, иако во меѓувреме Pascualita Esparza Perales de Pérez починала, а сопствениците на продавницата се менувале со текот на годините.

Денеска станала вистинска градска атракција, има и профил на Instagram со серија фотографии од туристи, а наводно постои и еден паранормален феномен.

Верувањето го вели следното: Ако девојката реши да купи венчаница што ја носи La Pascualita” на излогот и да ја облече за време на сопствениот свечен ден, тој чин ќе ѝ донесе среќа.

За жал, никаде списанието Diario de Querétaro во својата статија не наведува дали има трошка вистина во оваа легенда, дали експертите некогаш се обиделе да извадат парче од La Pascualitа” и да проверат дали навистина крие некогаш млада и убава девојка.

Секако, можеби зборуваме само за сосема необичен и бизарен маркетиншки трик.