Нови сознанија за човечката историја ! Не сме создадени баш онака како што мислиме

646

Долго време се мислело дека луѓето еволуирале од единствена, непрекината линија на предци, но новото истражување на научниците од Cambridge (UK) покажува дека историјата на хомо сапиенсот е многу посложена.

Имено, предците на современите луѓе се разделиле пред 1,5 милиони години и повторно се обединиле пред 300.000 години, што оставило значаен белег на нашиот геном.

Според ДНК анализата, нашите предци поминале низ долга разделба, која завршила релативно неодамна во еволутивна смисла.

„Прашањето од каде доаѓаме ги фасцинира луѓето со векови“, објаснува генетичарот Trevor Cousins, водечки автор на студијата.

Вообичаена метафора за опишување на генетиката и еволуцијата е дрвото. Стеблото претставува заеднички предок, додека гранките се делат на различни видови. Но, еволутивниот процес не е секогаш едноставен, туку вклучува периоди во кои популациите се одвојуваат и потоа повторно се спојуваат.

Тесно грло на населението

Токму таквата еволутивна динамика ја откриле Cousins и неговите колеги, генетичарите Aylwyn Scally и Richard Durbin. Нивната анализа на ДНК на современите луѓе, врз основа на податоците од проектот 1000 геноми и проектот за разновидност на човечкиот геном, откри длабоко вкоренета структура на населението.

Резултатите покажуваат дека човечката популација се поделила пред 1,5 милиони години, а една од овие групи поминала низ сериозно тесно грло на населението – драстично намалување на бројност – пред постепено да закрепне во текот на милион години.

Токму оваа популација подоцна обезбедила околу 80% од генетскиот материјал на современите луѓе и била директен предок на неандерталците и денисовците. Покрај тоа, истражувањето објаснува и зошто неандерталските гени се присутни само кај неафриканските популации на хомо сапиенс, каде што тие сочинуваат приближно 2% од геномот.

Еволутивно дрво

Малцинско население

„Од друга страна, постар настан на примеси пред 300.000 години резултир со само 20% од современиот човечки генетски материјал кој потекнува од помалку застапена популација“, објавија авторите на студијата.

– „Сепак, некои од гените од оваа малцинска популација, особено оние поврзани со функцијата на мозокот и невролошките процеси, можеби одиграле клучна улога во човечката еволуција“, нагласува водечкиот автор на студијата.

Откритијата покажуваат дека човечката еволуција се одвивала преку посложени интеракции отколку што се мислело.

„Станува јасно дека идејата видовите да се развиваат во чисти, посебни линии е премногу поедноставена“, заклучува Cousins.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.