Колач со јаболки и павлака

131

Слатко-кремасто задоволство: тесто, крем, овошје, мармалад …

Потребно

500 мл млеко
225 гр шеќер
2 кесички пудинг од ванила
75 гр путер
прстофат сол
1 јајце
200 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
600 гр јаболки
2 лажици сок од лимон
250 гр свежо сирење
400 гр кисела павлака
70 гр мармалад од мандарина (кајсии и сл.)

Подготовка

  • Прво сварете го кремот за да може да се излади. Во сад на рингла ставете да се вари 400 мл млеко. Прашокот за пудинг измешајте го со 100 гр шеќер и преостанатото млеко. Додадете го во врелото млеко и мешајте додека да се згусне. Оставете да се излади со повремено мешање за да не се создаде коричка на површината.
  • Во еден сад ставете ги брашното, јајцата, солта, путерот (на собна температура), шеќерот и прашокот за пециво и замесете тесто.
  • Со набрашнети раце тестото втиснете го во помал правоаголен калап обложен со хартија за печење. Со вилушка избодете го тестото.

  • Јаболките исечете ги на пола, излупете ги и исечете ги на резанки но не до крај за да може да останат половинките јаболки во целина. Премачкајте ги јаболките со сок од лимон за да не потемнат.
  • Сирењето изматете го со киселата павлака и 50 гр шеќер. Кога ќе добиете хомоген крем, додадете го лажица по лажица изладениот пудинг.
  • Загрејте ја рерната на 190 целзиусови степени.
  • Кремот рамномерно сипете го над тестото, израмнете и ставете ги половинките јаболки (како на сликата) и притиснете ги во кремот.

  • Ставете да се пече во загреана рерна околу 70 минути.

  • Во сад на рингла растопете го мармаладот од мандарини (или било кој, по желба).
  • Печениот колач извадете го од рерна и јаболките премачкајте ги со растопениот мармалад со помош на четкичка. Оставете убаво да се излади.