Чиа пудинг со свежи смокви

1178

Откако чиа семето ја доживеа својата премиера на пазарот за здрава исхрана, неговата употреба не запира.

Со него ќе ги добиете сите потребни здрави масти, а во комбинација со едно од омилените есенски овошја – смоквите, може да направите неверојатно вкусен и здрав појадок кој ќе го обожавате.

Потребно

¾ шолја млеко (може обично, соино, оризово или кокосово, по желба)
3 лажици чиа семе
1 лажичка ванила
2 лажици несолен путер
2 лаживи јаворов сируп
2 лажици тостирани ореви
2-4 големи свежи смокви

Подготовка

  • Директно во стаклена тегла или подлабок сад, измешајте ги чиа семките, млекото, ванилата и прстофат сол. Покријте ја смесата која треба да остои минимум 2 часа во фрижидер или најдобро прекуноќ. Тоа ќе им овозможи на чиа семките да ги испуштат своите здрави состојки и да се трансформираат во желатинска смеса како пудинг.
  • Во мало тавче ставете го путерот и јаворовиот сируп на средна температура додека не зовријат (околу 3-5 минути или додека смесата не стане густа).
  • Со помош на електрична маталка изматете го путерот додека не стане пенест, околу 2 минути и додадете уште сосема малку сол.
  • Врз пудингот додадете ја втората смеса од изматен путер и сируп, свежи исечкани смокви и тостирани ореви.