Пудинг од чиа семки

1878

Сакате да уживате во вкусен и здрав појадок, тогаш ова вистински рецепт за вас …

Потребно

1/4 чаша (од 200 мл) чиа семки
1 1/2 чаша бадемово млеко
2 лажици јаворов сируп
1 лажиче екстракт од ванила
1/2 чаша вишни
3/4 чаша вода
2 лажици бадеми исечени на листови

Подготовка

  • Во еден сад со капак измешајте ги чиа семките со млекото, 1 лажица јаворов сируп и екстрактот од ванила.
  • Измешајте, затворете го садот и оставете го во фрижидер преку ноќ.
  • Во едно тенџерче помешајте ги вишните, водата и 1 лажица јаворов сируп. Ставете го на рингла да се вари и варете го со повремено мешање додека не се згусне. Тргнете го на страна и оставете го да се излади.
  • Утредента смесата со вишни прелијте ја над чиа семките и послужете.