Претходната вечер сте го сонувале вашиот поранешен партнер. Сте биле заедно на брод и и сте уживале заедно во преубавата глетка.
Дали овој сон значи дека се уште мислите на вашиот екс… или можеби треба да букирате патување ?
Често пати се прашуваме дали нашите сонови имаат некакво значење. За да можеме да го разберереме значењето на соновите, потребно е да ја утврдиме фазата во која сонуваме, односно фазата во која мозокот ја прима содржината од соништата.
Прочитајте повеќе што треба да знаете за да може да ги интерпретирате вашите соништа.
Најчесто помните 10% од содржината на вашите соништа
Сите ние помниме само дел од нашите соништа, при што поголемиот дел го забораваме штом се разбудиме. Согласно истражувањта, возрасните сонуваат 4-6 сонови во текот на една вечер.
Вашите искуства и емоции се предводници на вашите соништа
Соновите се комбинација од блиски настани, постари спомени и се што е измеѓу. Поголемиот дел од соништата настануваат како последица на настаните од вашиот претходен ден.
Постојат заеднички сонови, но нивното значење е секогаш различно
Најголемиот дел од истражувањата покажуваат дека луѓето најмногу сонуваат како се гонети од некого, потоа доаѓаат соновите со сексуална содржина и на крај сонови каде што се паѓа.
На пример, доколку сонувате како ви паѓа заб, ваквиот сон најчесто се поврзува со настан од детството, бидејќи тогаш почнуваат да паѓаат забите и да растат нови, што значи ќе ве очекува некој нов настан.
Помнењето на соништата е најдобриот начин за нивно дешифрирање
Штом се разбудите, останате во креветот уште неколку минути и лежете со очите затворени. Во тие мигови пробајте да се сетите што сонувавте. Повторувањето на сонот штом станете ќе ви помогне полесно да го запомните.
Соновите ви покажуваат можности, а не одговори
Вие многу можете да научите од вашите сонови доколку обрнете внимание на нивната содржина. Нашите соништа се рефлекција на нашиот живот, па така се наметнува прашањето дали нашите соништа се обидуваат да ни кажат нешто?
Не, тие ни даваат само определени насоки, а не и одговори. Помагаат да се обидеме на различен начин да ја согледаме определена ситуација, како и можност да си ги преиспитаме чувствата.



















