Карактеристики на сочувствителните луѓе

1213

Главната карактеристика на сите емпатични луѓе, покрај тоа што се многу ретки, е нивната способност да ги чувствуваат и апсорбираат емоциите и физичките симптоми на другите луѓе, бидејќи се многу сензитивни.

Тие го гледаат светот низ нивната интуиција и имаат потешкотии да ги артикулираат своите чувства.

1. Емпатите се многу сензитивни

Емпатите се духовно отворени, дарежливи и природно сакаат да ги слушаат другите. Тие секогаш ќе ве поддржат и ќе бидат вашето рамо за плачење, дури и во најтешките моменти. Но, нивните чувства можат да бидат лесно повредени, па затоа често се советувани да бидат поцврсти.

2. Ги апсорбираат чувствата на другите

Емпатите се прилагодуваат на расположението на другите, независно дали тоа е добро или лошо. Тие чувствуваат сѐ, понекогаш и до екстреми. Ако се во негативно опкружување, тие се чувствуваат лути и анксиозни. Ако се опкружени со љубов, мир и позитивна атмосфера, нивните тела го апсорбираат тоа и се чувствуваат добро и смирено.

3. Емпатите се интровертни

Емпатите стануваат пречувствителни во гужви, бидејќи тоа им ја зголемува емпатијата. Тие сакаат да бидат интровертни и повлечени и попрво би сакале да се социјализираат со помали групи луѓе. Дури и ако некои од емпатите се поотворени и подруштвени, тие сакаат да го ограничуваат времето што ќе го поминат на некоја забава или со поголеми друштвени кругови.

4. Емпатите се високо интуитивни

Емпатите го искусуваат светот преку нивната интуиција. Ним им е важно да ги слушаат своите инстинкти и претчувства за другите, бидејќи тоа им помага да создаваат подобри односи.

Продолжува на страна 2