Научниците предупредуваат за уште еден животински вид кој е на работ на истребување | Видео

594

Тоа би можело да доведе до уште подрастично сценарио – исчезнување на видот, предупреди таа.

Популацијата на пингвините Humboldt драстично се намалил долж централниот брег на Чиле, што ги прави еден од најзагрозените видови пингвини, предупредуваат експертите.

Минатата година, научниците истражиле два острова во близина на брегот на Чиле и откриле 842 пара пингвини во процес на размножување или гнездење. Годинава пронашле само еден пар.

Paulina Arce, ветеринар специјализиран за пингвини, рече дека популацијата на пингвините на сите испитани острови се намалила или останала иста.

Тоа би можело да доведе до уште подрастично сценарио – исчезнување на видот, предупреди таа.

Humboldt пингвините живеат на брегот на Тихиот Океан на Чиле и Перу. Така се именувани затоа што пливаат во студената струја на Humboldt. Тие тежат до пет килограми, а растат и до 70 сантиметри.

Diego Penaloza, претседател на Safari Conservation Foundationa, рече дека главните закани за пингвините во дивината се загадувањето, недоволното следење и загрозеност на местата за размножување. Дополнително ги зафатил птичјиот грип, кој бил пораширен поради метеоролошкиот феномен El Niño.

Како резултат на тоа, нивната стапка на репродукција паднала на речиси нула, рече Javiera Meza, раководител на одделот за зачувување на биолошката разновидност во националната шумска канцеларија Conaf.