Покрај млекото од соја и бадеми, одлични замени за кравјото млеко се оризот, кокосот и неколку други.
Некои луѓе не сакаат кравјо млеко или едноставно не сакаат да го консумираат бидејќи е од животинско потекло. Без оглед на причината, за среќа, постојат неколку вкусни алтернативи.
Растителните млека се прават на база на житарки, јаткасти плодови или мешунки.
Млеко од соја
Млекото од соја нуди големо количество протеини, до 12 грама по чаша, а збогатено е со калциум и витамин Б12. Најновите истражувања покажуваат дека консумирањето на овој производ може да го намали ризикот од рак, бидејќи изофлавоните од соја имаат антиканцерогено дејство. Одличен е за печење, готвење или едноставно – пиење.
Оризово млеко
Содржи низок процент на масти и јаглехидрати, а помалку го има во калциум и протеини. Има повеќе јаглехидрати од кравјото млеко, но не содржи лактоза и холестерол и е идеален за луѓе алергични на соја.
Бадемово млеко
Бадемовото млеко има помалку од еден грам протеин по чаша, а содржи многу висок процент на калциум – дури 50 проценти повеќе од кравјото млеко. Бадемите се богати со витамин Е, антиоксиданс кој е добар за мозокот, крвта и кожата. За жал, многу комерцијални бадемови млека се прилично водени, содржат само околу 2 проценти бадеми. Овој производ е одличен за смути.
Млеко од индиски ореви
Млекото од индиски ореви има незаситени масти важни за правилното функционирање на срцето, како и анакардна киселина со силно антиканцерогено дејство. Индискиот орев содржи лутеин и зеаксантин, кои се корисни за добар вид. Ова млеко е кремасто и прави одлична основа за супи, сосови и овесна каша.
Кокосово млеко
Иако кокосовото млеко е богато со заситени масти, тоа се главно триглицериди со среден ланец, кои покажуваат мешани наоди кога станува збор за ефектите врз здравјето на срцето. Кокосовото млеко содржи многу малку протеини.
Овесно млеко
Идеалено е за луѓе кои имаат алергија на млечни производи или јаткасти плодови, како и за оние на кои им е потребна опција без лактоза. Овесното млеко има помалку протеини од млекото од соја, но повеќе од другите, како што се кокосовото, млекото од индиски ореви и оризовото млеко. Овесот природно обезбедува хранливи материи како што се калиум, кој помага во одржување на здрави нивоа на крвен притисок и железо, кое е важно за спречување на анемијата.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















