ДАЛИ СТЕ РОДИТЕЛ-ХЕЛИКОПТЕР ? Еве што ги открива …

876

Една карактеристика особено укажува на тоа дали припаѓате на типот на родители кои претерано ги контролираат своите деца, попречувајќи го нивниот правилен емоционален развој.

Терминот родител-хеликоптер првпат е измислен пред повеќе од 50 години, за родители кои „лебдат“ над своите деца обидувајќи се да ги контролираат нивните животи.

Денес, овој термин се уште се користи.

Психолозите објаснуваат дека оние кои секогаш ги надгледуваат и насочуваат децата несвесно ги спречуваат сами да практикуваат емоционална контрола и контрола на однесувањето.

Многу истражувања покажале дека децата кои растат со хеликоптер-родители се слабо подготвени за непријатни и предизвикувачки ситуации во животот.

Постојат неколку знаци кои можат да им укажат на родителите дали се премногу заштитнички настроени. Еден е особено карактеристичен.

Тоа е, постојана потреба за корекција, односно, потиснување на негативните емоции кај детето!

Како што велат психолозите, кога детето чувствува нешто негативно, многу родители брзо се обидуваат да го решат проблемот и да му помогнат да не чувствува негативни емоции како тага, фрустрација или разочарување.

Иако ниту еден родител не сака да го види своето дете вознемирено, факт е дека фрустрацијата, лутината и тагата се дел од животот. А да научите да управувате со емоциите е важна животна вештина.

Родителите кои не им дозволуваат на своите деца да ги чувствуваат и да се справат со овие емоции го запираат нивниот емоционален развој.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.