Штрудла со афион

192

Многу вкусен колач, мек, ароматичен и лесен за подготовка …

Потребно

150 гр путер или маргарин
200 мл млеко
2 лажици шеќер
1 јајце
500 гр брашно
1 кесичка (10 гр) сув квасец

За филот

250 гр мелен афион
1 чаша (од 200 мл) млеко
1 чаша шеќер
2 кесички ванилин шеќер

Подготовка

Прво подгответе го филот. Во сад на рингла ставете ги млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер и оставете да провријат. Со врелата течност прелијте го мелениот афион. Оставете да се излади и афионот да ја впие течноста.

Сувиот квасец ставете го во 200 мл млако млеко, додадете 1 лажиче шеќер, разматете го и оставете го 10-тина минути да стаса.

Во еден сад ставете ги брашното, јајцето, путерот, 2 лажици шеќер и млекото со квасецот во него и замесете тесто. Тестото поделете го на два дела. Секој дел развлечете го со сукало со дебелина од 2-3 мм и должина околу 30 см.

Развлечените теста премачкајте ги со филот од афион и замотајте ги како ролати. Ставете ги во тава претходно премачкана со маргарин.

Одозгора премачкајте ги со разматено јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.