Заштитете го своето бебе | Потресно предупредување на една мајка до родителите – „За неколку часа дамките се прошириле по лицето …“

2342

Мајката сподели потресна фотографија од нејзиното мало девојче како остар потсетник до сите родители. Устата на нејзината ќерка е покриена со херпес откако возрасен ја бакнал во уста.

Leah Green, мајка на 21-месечно девојче, на својот Инстаграм профил сподели фотографии од нејзината ќерка, која возрасна личност ја бакна во усните и ѝ го пренел вирусот.

На фотографиите се гледа расплакано девојче со рани на усните, во устата и на јазикот.

Изјава на вознемирена мајка

Вознемирената мајка го споделила своето искуство на социјалните мрежи и напишала:

„Слушајте и научете од мојот пример, од прва рака, зошто не треба да ги бакнувате бебињата, децата, особено ако тие не се ваши!!! Мојата Sadie на неполни 21 месец од својот чивот, возрасен човек ја бакнал во уста, пренесувајќи ѝ го ужасниот вирус на херпес. На усните прво се појавиле две мали точки, а потоа температура од 39. За неколку часа дамките се проширија по нејзиното лице, а во усатата ѝ се појавија бели дамки кои се претвориле во ужас особено зад нејзините заби.“

Таа потоа додаде:

„На најмал допир местата би и крвавеле, и би врескала од мака. Тоа значи дека не можеше да јаде ниту да пие, што резултираше со губење на тежината и дехидрација. Беше беспомошна, четири дена не се одвои од мене. Самиот обид да ја пуштам би ја натерало да вреска! Отидовме на лекар по крема за дамките на усните, но навистина долго време помина додека тие се исчистија“.

Предупредување

Мајката заврши со предупредување:

„Ве молам, ве молам, не ги бакнувајте и не дозволувајте некој да ги бакнува вашите бебиња. Не е важно кои се тие или мислите дека ќе ги навредите. Заборавете на нивните чувства и заштитете ги вашите бебиња !”

„Да се биде родител за прв пат и да се види моето дете во толку многу болки беше ужасно. Беа многу, многу долги три недели, па се надевам дека ќе можам да им помогнам на луѓето во ширење на свеста!“, додаде таа.

Експертите за херпесот

Herpes simplex virus, кој предизвикува и херпес и генитален улкус кај возрасните, е многу заразен. Се шири преку близок контакт, како бакнување, а може да се пренесе и преку вообичаени предмети како прибор за јадење.

Експертите се изјасниле за овој настан

„Кога детето првпат ќе добие херпес, плускавците може да се шират низ устата и непцата. Може да има треска, болки во грлото, раздразливост и мрсулавење. Херпесот како вирус останува во телото до крајот на животот, предизвикувајќи повторливи напади, но многу луѓе живеат со него без никогаш да покажат симптоми. Херпесот може да биде опасен, особено за новороденчињата бидејќи тие допрва треба да изградат имунолошки систем“.

Потоа додадоа:

„Вашето бебе е најмногу изложено на херпес инфекција во првите четири недели по раѓањето. Не треба да го бакнувате вашето бебе ако имате херпес за да го намалите ризикот од ширење на инфекцијата“, пренесува The Sun.