Кога последен пат сте имале *екс? – Е еееее …

1385

Кога имав секс? Не се сеќавам…

Новото истражување фрла тешка сенка врз сексуалниот живот и на тоа колку често се придавате на бакнежи со партнерот.

Чаршафите остануваат ненамачкани, а главната причина лежи во посветеноста на работата. Звучи речиси апокалиптично, но една третина од британските парови не се сеќаваат на последниот пат кога имале секс, пишува “Дејли мејл”.

Анкетата е дело на компанијата за секси долна облека “Фантазија бокс”.

17 проценти од испитаниците се довериле дека имале подобар секс со претходниот партнер, а импресивни 20 проценти се категорични дека работата е многу важна и сексот е во заден план. Британците признале дека го “креваат авионот” и ја ослободуваат фантазијата, кога жената до нив е облечена како секси медицинска сестра.

Речиси половина сепак кријат од партнерот за што сонуваат под јорганите.

Загрижувачки е дека за една десетина од учесниците во анкетата сексот е привидение, без оглед на тоа дека имаат партнер.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.