НАЈЧУДНИТЕ ЕКСПЕРИМЕНТИ ВО 2021 ГОДИНА | Создале мини човечки мозок со очи, оживеале зомби стари 24.000 години, одгледале печурки во крв …

1139

Секоја година, научниците преземаат некои навистина збунувачки експерименти, а 2021 година не беше исклучок.

Од одгледување на мини-мозоци со свои очи во петриеви садови до реанимација на 24.000 години стари самореплицирани зомби од сибирскиот вечен мраз, пермафрост.

Ова се апсолутно најчудните научни експерименти од 2021 година според Live Science.

1. Одгледување минијатурен човечки мозок со очи

Во август, група научници објавиле вест која бола подеднакво фасцинантна и застрашувачка, а се однесува на откритие за успешно лабораториски одгледан мал човечки мозок со свои очи. Тие го направиле Кроненберговиот мини-мозокот, наречен органоид, трансформирајќи ги матичните клетки во нервно ткиво, а потоа хемиски ги стимулирале мини-мозочните клетки да формираат ситни „очи“, составени од клетки чувствителни на светлина.

2. Враните го разбираат значењето на нулата

Скенирањето на мозочната активност на птиците за време на експериментите покажа дека враните имаат специјално подесени неврони за разбирање на нулта бројот, но за што ги користат овие мозочни клетки е мистерија. Научниците биле изненадени што мозокот и на враните и на луѓето, што се однесува до нулата, функционира многу слично. Ова покажува дека еволуцијата има повеќе патишта за создавање мозоци со исти функции, но на различни нивоа.

3. Зошто бразилските ореви секогаш завршуваат на врвот на кесичката?

Scientists Crack “The Brazil-Nut” Puzzle – How the Largest Nuts Rise to the Top

Во април, истражувачите конечно дошле до одговорот на едно од најитните прашања на човештвото: Зошто бразилските ореви се искачуваат на врвот на кесичката?

Тајната со јаткастите плодови се решава со протресување на мешавина од кикирики и бразилски ореви, со други бразилски јаткасти плодови. Научниците ги поставиле бразилските ореви на дното од кесичката и со 3D рендгенско скенирање заклучиле дека по секое тресење, бразилските ореви поради нивната големина доаѓаат во вертикална положба и на тој начин се „качуваат“ до врвот на кесичката.

Ова истражување може да помогне во рамномерно пакување на јаткастите плодови, а може да има примена и во медицината и градежништвото.

4. Пајакот косач со кратки нозе

Научниците создале мутант од обичен пајак косач со големи нозе. Отстраниле одредени гени од пајакот кои му даваат долги нозе и на тој начин создале закржлавена верзија на пајакот со „кратки нозе“.

Со скратување на нозете на овој пајак, истражувачите се надеваат дека ќе ги откријат тајните на неговото тело, како и неговиот уникатен метод на движење.

Откако се променил генот, нозете на закржлавениот пајак се промениле не само во големината туку и во формата. Ова им дава на научниците увид во минатото во врска со еволуцијата на овој вид пајаци, кој е стар околу 400 милиони години.

И ова не е последниот пајак-мутант што научниците сакаат да го создадат, тие исто така планираат да ги мутираат катниците на пајакот за да добијат слични сознанија за нивната еволуција.

5. Претворање на водата во сјаен златен метал

Од раната антика до 17 век, алхемичарите биле опседнати со митска супстанција која има моќ да го претвори оловото во злато.

Во јули 2021 година, научниците пријавиле експеримент кој донекаде личи на легендарниот процес: за само неколку секунди, тие успеале да ја претворат водата во сјаен, златен метал.

Металната вода создадена од научниците може да им даде некои клучни сознанија за функционирањето на планетата. Имено, можеби некаде на Земјата овој процес би можел да се одвива природно.

6. Создавање нематеријален временски кристал

Во јули, истражувачите кои работеле со Google откриле дека создале временски кристал во срцето на квантниот компјутерски гигант Sycamore.

Кристалот е сосема нова фаза на материјата за која истражувачите тврделе дека може да го избегне вториот закон на термодинамиката, кој диктира дека ентропијата, или нарушувањето на системот, секогаш мора да се зголемува.

Научниците се надеваат дека ќе користат кристали „од другиот свет“ за тестирање на границите на квантната механика, што е сосема непознато во научните кругови.

7. Оживување на 24.000 години стари руски зомби од пермафрост

Ако можете да најдете група плеистоценски зомби замрзнати во сибирскиот вечен мраз, веројатно нема да ви текне да ги оживеете и клонирате.

Сепак, ова не се зомби што јадат мозок, туку ситни суштества кои почнале да се репродуцираат бесполово преку процес наречен партеногенеза, создавајќи совршени клонови од себе.

Интересно, анализата на почвата околу овие суштества покажала дека тие биле замрзнати 24.000 години и преживеале со тоа што биле поставени во заштитна бариера наречена криптобиоза, а разбирањето на ова би можело да помогне во примени на овој процес кај луѓето.

8. Дупчење на најдлабоката океанска дупка досега

Во мај, научниците користеле долга, тенка дупчалка за дупчење дупка од 8.000 метри. Научниците потоа извлекле седиментно јадро долго 37 метри од морското дно.

Истражувачите сакале да го испитаат јадрото на седиментот бидејќи барале индиции за историјата на земјотресите во регионот – местото на дупчење се наоѓа многу блиску до епицентарот на земјотресот (магнитуда 9,1) на јапонскиот остров Tohoku.

Земјотресот во 2011 година предизвика огромно цунами што ја погоди нуклеарната централа Fukushima Daiichi и предизвика разорно топење.

9. Одгледување печурки во крв

Овој експеримент не го направил научник, но е убедливо еден од најчудните аматерски експерименти за кои сме слушнале. Едно истражување покажало дека човек кој сварил чај од „волшебна печурка“ и го вбризгал во неговото тело, завршил на итна со габа која растела во неговата крв.

По инјектирањето на чајот од psilocibin, мажот, кој се надевал дека ќе ги ублажи симптомите на биполарно растројство и зависност од опиоиди, брзо станал летаргичен, кожата му пожолтела и почнал да повраќа крв. Човекот преживеал, но морал да пие антибиотици и антигабични лекови за да ја отстрани психоактивната габа од неговиот крвоток. Морал да се стави и на респиратор.

Сè поголем број студии покажуваат дека псилоцибинот, психоактивно соединение кое се наоѓа во волшебните печурки, може да биде ветувачки третман за депресија, анксиозност и злоупотреба на супстанции, но само ако се зема безбедно.