Познато е дека чантата на секој дама е полна со голем број на работи, но сигурно и на вас понекогаш ви се случило да проверите дали носите со вас нешто што ви е потребно во моментот.
Сигурно секогаш во вашата чанта имате козметика, мобилен телефон, клучеви, но дали носите и други потребни работи кои некогаш навистина можат да ви помогнат во итните ситуации?
Еве кои работи секоја дама мора да ги носи во својата чанта и да биде спремна за сè во секое време.
Марамчиња
Секогаш е важно во вашата чанта да носите марамчиња. Во тој случај ќе бидете спремни за секоја ситуација, при кивавица, за мали таблети, за храна, дури и за шминка. Секако препорачливо е да носите и влажни марамчиња, бидејќи сигурно ќе дојдете некогаш во ситуација да се извалкате или едноставно да сакате да ги избришете рацете.
Гел за дезинфекција на раце
Во текот на денот сигурно допирате голем број на работи, со што на вашите раце се пренесуваат многу бактерии. Поради тоа е препорачливо во вашата чанта да носите гел за дезинфекција на раце и на тој начин ќе можете постојано да ги дезинфицирате и да се заштитите од разни болести, инфекции и бактерии.
Безопасни игли
Секогаш ставете неколку безопасни игли во вашата чанта, на тој начин секогаш ќе можете да се справите со проблеми со облеката.
Освежувач за уста
Во текот на денот сигурно ќе консумирате храна, а може да се погоди да биде некој подготвена со лук, па затоа за да го избегнете лошиот здив освежувачот за уста е одлично решение. Особено ако сте пушач, тогаш задолжително е да носите освежувач за уста во вашата чанта. Многу други работи можат да делуваат на здивот, како кафето, соковите… па затоа не дозволувајте да ве запомнат како дамата со непријатен здив.
Фластери
Никогаш не знаете што може да ви се случи во текот на денот. Можеби ќе се гребнете, исечете или можеби ќе ви се појави плускавец или да ви се скрши ноктот. Поради тоа е најдобро секогаш во својата чанта да чувате барем неколку фластери кои ќе ви помогнат во изненадните ситуации.
Пари
Секако дека секогаш со себе носите пари, но сега зборувате за дополнителни пари, кои треба секогаш да ги носите во својата чанта „за секој случај“. Никогаш не знаете во каква ситуација може да се најдете, па затоа не дозволувајте да се најдете во небрано.
Тефтерче и пенкало
Тефтерчето и пенкалото можат да ви бидат од многу голема помош. Сигурно ќе се најдете во ситуација да сакате нешто важно да запишете, без разлика дали се работи за нечија адреса, телефонски број или некоја важна информација. Поради тоа бидете спремни во секое време. Подобро е да запишете отколку да помните!
Таблети против болки
Зафатеноста, преголемите обврски, брзањето можат да предизвикаат главоболка, па затоа е препорачливо да носите со себе таблети против болки кои ќе можат да ви помогнат во тие ситуации.



















