Изолацијата предизвикува депресија | Еве како да ја надминете

1067

Една мајка се обратила до редакцијата на „Сан“ за совети за менталното здравје на нејзината ќерка (18), која тешко се справува со изолација поради коронавирусот. Девојчето пред тоа страдала од вознемиреност и депресија пред изолацијата, а зад себе има неколку неуспешни љубовни врски.

Сепак, со помош на психолог, нејзината состојба се подобрила и таа започна да го шири својот круг на пријатели.

– Имаше повеќе пријатели, одеше на часови и запозна нови луѓе. Таа дури оствари контакт со дечко од колеџ, кој и стана многу драг – пишува нејзината мајка.

– Со избувнување на пандемијата, нејзината состојба повторно се влоши. Повторно е изолирана и јас сум загрижена дека нејзината депресија ќе се врати. Не знам како да ја чувам ќерка ми безбедна и повторно да не се чувствува осамена, вели загрижената мајка.

Колумнист и психолог ја советува мајката да отвори група на WhatsApp или Viber со неколку блиски пријатели на кои им верува и со кого се чувствува удобно.

– Тоа е платформа каде може да се споредува помалку со другите отколку на другите социјални мрежи – советувала таа.

Ако вознемиреноста е нормална реакција на човекот на стравот, може да го оневозможи нормалното функционирање особено за време на траењето на пандемијата на коронавирусот.

Еве неколку совети тоа да се надмине:

Вежбање

Вежбањето е често одличен начин да се елиминира стресот на крајот на денот и добар начин да се задржи вашиот имунолошки систем во врвна форма. Исто така, не занемаруваме дека со релаксирање на мускулите кои се резултат на состојби на вознемиреност, ја ослободуваме вишокот енергија, со што се обезбедува мирен, здрав сон, кој е неопходен за здрава психа.

Направете нешто убаво и корисно за себе

Можете да правите се што ќе ве опушти и ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Не мора да трошите пари: Можете да зготвите убав оброк, да си спремите топла бања или да слушате песна што ја сакате.

Имајте на ум дека вашата вознемиреност не е постојана

Ако сте вознемирени, веројатно се чувствувате како стравот и лошите мисли дека никогаш нема да поминат, но тие ќе поминат. Тешко е да се запамети, но пробајте.

За време на опасната болест која го опфати светот, многумина се исплашени за своите најблиски, но во повеќето случаи мала е веројатноста токму тие да се заразат и да има биде животот загрозен.

На вам е да одлучите, но дефинитивно секој вид физичка активност би помогнал во елиминирање на црните мисли.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.