Овие намирници ќе ве заштита од грип

996

Многу луѓе не посветуваат доволно внимание кога станува збор за здравје и имунитет, мислејќи дека ќе чујат исклучително сложени совети. Но, постојат пет едноставни производи, кои можат да обезбедат долг живот со одлично здравје.

Спречувањето на различни видови болести, всушност не е толку комплицирано колку што мислат луѓето. Постојат многу природни производи кои обезбедуваат „супер имунитет”, истакнува д-р Џоел Фурман, автор на студијата.

Сите зелени зеленчуци треба да се јадат по можност секој ден барем по два пати.

Грашокот содржи многу влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Безброј истражувања покажуваат дека грашок може да го намали ризикот од рак на дебелото црево.

Лукот е од производите кои можат да се наречат „супер храна”. Во него има висока концентрација на флавоноиди, кој влијаат на имунитетот и спречуваат разни видови заболувања.

И во белиот и во црвениот кромид има соединенија кои дејствуваат против создавањето канцер, а кај луѓето кај кои веќе е дијагностициран канцер го спречуваат создавањето на нови канцерогени клетки.

Печурките содржат хранливи материи кои му помагаат на организмот да се бори против воспаленија, го спречуваат оштетувањето на ДНК. Притоа, докажано е дека состојките кои можат да се најдат во печурки доведуваат до намалување на ризикот од рак на дојка и рак на матката.

Семките од тиква и од сончоглед се исклучително здрави производи. Тие се богати со протеини и минерали. Многу од нив содржат омега 3 масни киселини, калциум, железо и цинк.

Ленот им се препорачува на жените, бидејќи штити од многу женски болести.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.