Кога ме изневери сопругот, сакав да умрам, а тогаш баба ми ми го даде најдобриот совет на светот!

1244

Понекогаш, најдобар совет е оној кој и не е, туку нешто што ќе не наведе на размислување и помогне да најдеме мир во себе. Всушност за тоа и се работи во приказната на бабата за водата што врие.

Една млада жена доживеа големо разочарување откако дознала дека нејзиниот сопруг ја измамил.

Очајна, ја посетила својата баба пред која ја отворила својата душа и сѐ ѝ раскажала. Таа не знаела дали да го спасува бракот или е подобро да се откаже и разведе, а баба ѝ, наместо одговор, ѝ го дала најдобриот совет во приказна која ја објавил “Open Mind”.

– Откако ѝ раскажав сè во детали, баба ми ме одведе во кујната. Наполни 3 садови со вода и секој сад го стави на по една рингла за да зоврие. Потоа, во првиот сад стави морков, во вториот јајце, а во третиот зрна кафе. Без збор ги остави да се варат и по 15 минути го исклучи шпоретот.

– Ги извади морковите и ги стави во чинија, јајцата во мал сад, а кафето во шолја. Ме праша: “Кажи ми што гледаш.” Моркови, јајца и кафе, одговорив. Ми ја приближи чинијата и ми кажа да го допрам морковот. Јас го направив тоа и забележав дека тие се меки. Потоа побара да ги скршам јајцата. Кога ја исчистив лушпата, гледав тврдо варено јајце.

– На крајот ми рече да се напијам една голтка од кафето. Јас го направив тоа и се насмевнав кога го почувствував нејзиниот богат мирис и вкус. Конечно ја прашав – Што треба сето ова да значи?

Баба ѝ и кажа дека сите овие три намирници се соочиле со иста неволја – вода што врие. Секоја реагира различно. Морковот е внесен во садот како моќен, силен и непопустлив. Сепак, зовриената вода го направи мек и слаб. Јајцето е кревко, а неговата тенка лушпа ја заштити течната внатрешност која се стврдна при варење. Зрната кафе, од зовриената вода направија вкусен напиток.

“А што си ти?”, праша таа. “Кога проблемите ќе затропаат на твојата врата, како реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?”

– Размислив за тоа. Дали сум морков кој делува дека е силен, но со првите знаци на неволја станувам слаба? Дали сум јајце со кревка душа, но во тешки ситуации зацврстувам и кријам во себе скаменето срце? Или сум зрно кафе кое може да ја промени истата таа вода што му нанесува болка? Ми се допадна фактот дека, ако сум кафе, тогаш тоа значи дека во ситуација која ќе тргне по лошо, станувам подобра и менувам сѐ околу себе.

“Животот е полн со радост, но и проблеми. Размисли како се соочуваш со нив. Сакам да имаш доволно искуство кое ќе те направи мека и слатка како морков, доволно искуство кое ќе те научи како да зајакнеш и доволно искуство на кое сама ќе влијаеш за да се здобиеш со надеж.”

Баба ѝ и објасни дека најсреќните луѓе не се секогаш оние кои го имаат најдоброто од сите, туку оние кои знаат да направат најдобро од она што ќе им се најде на патот.

“Најдобрата иднина секогаш е основа на заборавеното минато, а во животот не можеш да одиш напред ако не ги “пуштиш низ вода” старите свои неуспеси и раните на срцето.”

– На крајот едноставно ми рече да го живеам својот живот, така што по сè да можам да се насмевнам и да продолжам понатаму, сакајќи сама да носам свои заклучоци и да заборавам во животот на она што ми предизвикува болка.