Доаѓа нова вакцина со мртов коронавирус | Тестовите покажуваат подобри резултати од AstraZeneca

1988

Лабораторијата објави дека третата фаза од тестирањето, во која се вклучени 4.012 возрасни лица во Британија, покажала „позитивни“ резултати од вакцината.

Француско-австриската лабораторија Valneva извести дека нивните тестови покажале позитивни резултати за новата вакцина против коронавирус, пишува Local.

Француската влада објави дека Европската унија сѐ уште преговара за купување на вакцината, додека Велика Британија се повлече од договорот за набавка минатиот месец. Тој договор со Обединетото Кралство била единствената нарачка на Valneva.

Вакцината содржи мртов коронавирус

Лабораторијата објави дека третата фаза од тестирањето, во која беа вклучени 4.012 возрасни лица во Британија, покажала „позитивни“ резултати од вакцината бидејќи луѓето развиле повеќе неутрализирачки антитела од британската вакцина AstraZeneca. Оваа вакцина содржи мртва верзија на коронавирус која не предизвикува болест, но го стимулира имунолошкиот систем да развива антитела.

„Ова е потрадиционален пристап за развој на вакцини од оние што досега се користеле во Обединетото Кралство, Европа и Северна Америка“, рече главниот истражувач на Универзитетот во Бристол, професор Adam Finn. „Овие резултати сугерираат дека оваа вакцина е на пат да одигра важна улога во надминување на пандемијата“, рече Finn, известија од Valneva.

Сѐ уште не поднеле барање за одобрение од ЕУ

По оваа објава, акциите на компанијата се зголемиле за 30%. Компанијата објави дека започнала процес на одобрување во ОК и исто така подготвува апликација за Европската агенција за лекови. Француската компанија извести дека резултатите покажуваат дека вакцината е 95% ефикасна, немало сериозни болести и покрај делта варијантата на вирусот што се шири низ целиот свет, пишува Би -Би -Си.

Компанијата се надева дека вакцината, врз основа на тестирањето, ќе биде одобрена за населението на возраст од 18 до 55 години.