ОВА МОЖЕ ДА ОДЕКНЕ | Каде пишува дека никогаш немал жена? 10 „факти“ за Исус во кои луѓето веруваат, а во Библијата за тоа нема ни збор

1871

Поради големата доминација на Библијата во западната култура и сеприсутноста на приказната за Исус, понекогаш може тешко да се одвои вистинскиот текст од произволните толкувања.

Дури и за оние кои редовно ја читаат Библијата, веројатно подобро се запознаени со раскажаните и пренесените верзии отколку од самите зборови.

Постојат бројни верувања за Исус кои никогаш не се спомнати во Библијата. Да ги погледнеме 10-те најпознати.

1. Исус го родила Дева Марија

За оваа идеја е одговорен свети Августин, кој дошол на идеја за источен грев. Тој открил дека источниот грев се пренел со чинот на зачнување на новороденчето. Затоа, за да се роди чиста, Марија морала да биде девица при раѓањето. Малку се зборува за тоа во Библијата, повеќето писатели на евангелијата целосно го прескокнуваат.

2. Исус бил единец

Библијата јасно го спомнува Јаков како брат на Исус и укажува дека Исус имал и други браќа и сестри. Па зошто Католичката црква тврди дека Исус немал браќа и сестри и дека живеел како единствено дете? Ова има врска со она што се нарекува доктрина за вечна девственост, која вели дека Дева Марија останала безгрешна девица до крај.

3. Исус бил прикован на крстот со шајки низ неговите раце

Изберете било која слика од распетието и веројатно ќе го видите Исус со два клинци прободени низ неговите дланки. Овие рани, кои се дел од стигмата, станале централен дел на христијанската иконографија. Но, ова не е споменато во Библијата. Бројни експерти се согласуваат дека маж со просечна тежина во тој случај веројатно би паднал од крстот.

4. Исус бил дрводелец

Грчкиот збор „тектон“ во англиската верзија на Библијата е неточно преведен во „столар“. Со ова е создаден лик на Исус како градител на куќи. Врз основа на текстот во Библијата, поверојатно е дека тој бил патувачки физички работник.

5. Исус бил белец

Доминантната слика на Исус датира од италијанската ренесанса и го прикажува Исус и другите библиски личности како Европејци во средината на 1500-тите години. Овие уметници не се обидувале да утврдат како точно изгледал Исус, па дури и да го утврдиле тоа, би биле исфрлени од градот. Исус бил од Блискиот Исток и нема причина да се верува дека нема карактеристики на тамошните луѓе како темна или маслинеста кожа.

6. Исус е дел од Големото Тројство

Зборот „тројство“ никогаш не се појавува во Библијата. За прв пат ја употребува раниот црковен отец Тертулијан, а во централниот принцип на црквата бил воведен за време на Константинополскиот собор во 381. година, векови по завршувањето на Евангелијата.

7. Исус носел долги наметки

Ова потекнува од сликари. Исус не бил богат човек и тешко дека некогаш би ги облекол долгите наметки во кои често бил прикажуван.

Наметките обично ги носеле богатите во посебни прилики.

8. Исус имал долга коса и брада

Стотици години, Исус бил препознаван по неговата долга свилена коса и пуштена брада. Стандардната мода од тоа време кај мажите била да си голобрад и кратко потшишан. Секако, Исус можеби носел брада во одредени моменти од својата служба, особено додека бил на пат; но малку е веројатно дека така ја одржувал, а уште помалку веројатно е дека имал долга коса.

9. Исус бил самец

Во одбраната на Исусовиот целибат, некои христијански мислители го земаат недостигот на спомнување на жената на Исус во Новиот завет како доказ дека таа не нѝ постоела. Но, текстот всушност не наведува, и би било сосема необично ако маж на Исусовата возраст немал жена, дури и ако тој бил патувачки пророк (кој во тоа време ги имало многу).

10. Исус се родил на 25 декември

Ниту еден писател на Евангелието не го запишал 25. декември како датум на Христовото раѓање; всушност, ниту еден од нив воопшто не ги бележи датумите. Нема индикации дека Исус е роден во зима, пролет, лето или есен. Па зошто 25 декември? Во првите три века по Исусовото заминување, немало такво нешто како Божиќ. Христијаните славеле неколку верски празници, како Богојавление и Велигден, но во римскиот календар Божиќ не се споменува до 336. година. Денот 25. декември веројатно бил избран да се совпадне со римскиот фестивал Сатурналија, на Римјаните да им ја направи новата религија попријатна.