Сепак се движат | Сисак се помести за 10 cm. на исток, а Петриња 20 cm.

344

Најголемото поместување е забележано во шумската област опкружена со местата Глинска Полјана, Слана и Гора, велат од Факултетот за геодезија.

Една недела по разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер во Петриња, интердисциплинарен тим научници сè уште го обиколува теренот за да одговори на голем број прашања што ги мачат и експертите и јавноста.

– Досега има огромен број на секундарни надворешни манифестации на земјотреси, како што се ликвефакции, колапси, свлечишта, итн. Сепак, сè уште не сме откриле ефекти од прв ред, како што се пукање на раседи на површината. Кај толку силни земјотреси, очекуваме дека е можна ваква манифестација на површината. Ако најдеме некои површински манифестации од таков вид, можеме да процениме каде точно е раседот, какво е поместувањето по него и која е должината на раседот што се скршил. Затоа, продолжуваме да го обиколуваме теренот – рече сеизмологот д-р Јосип Стипчевиќ, доцент на Катедрата за геофизика при ПМФ во Загреб.

Според пресметката направена врз основа на сателитски снимки од Европската вселенска агенција, најразорниот земјотрес во Петриња предизвикал лизгање на земјиштето со амплитуда од дури 70 сантиметри. Најголемото поместување е забележано во шумската област опкружена со градовите Слана, Глинска Полјана и Гора. Во западниот дел на раседот, земјата се издигнала за 40 сантиметри, а за 30 сантиметри се спуштила во близина на градот Петриња. Експертите од Геодезискиот факултет, кои со сеизмолозите го истражуваат теренот, се обидуваат да проценат колку се поместиле градовите Петриња и Сисак на исток.

– Сисак се поместил со многу помал интензитет од Петриња. Прелиминарно, Сисак за 10 сантиметри, а Петриња помеѓу 15 и 20 сантиметри – рече д-р Марин Говорчин од Факултетот за геодезија во Загреб.