Soner Çagaptay е директор на Turkey Research Program во Washington Institute for Near East Policy. Тој е историчар по образивание и е доктор по исторски науки.
Soner Çagaptay докторирал на еден од најпрестижните универзитети во Америка, Yale University, во 2003 година. Тој ја напишал својата докторска дисертација за турскиот национализам.
Освен на Yale, Çagaptay има предавано на Princeton University, Georgetown University, а има работено на студии и проекти на State Department’s Institute of Foreign Affairs.
Пред неколку дена тој го објави списокот на 10-те најпознати Македонци и Македонки во историјата според негово мислење. Списокот на личности но и нивното рангирање можеби по малку ќе ве шокира, но еве го неговиот избор:
- Аристотел
- Мустафа Кемал Ататурк
- Мохамед Али Паша
- Мајка Тереза
- Александар Велики
- Басил Први
- Јустинијан Први
- Свети Кирил
- Свети Методиј
- Клеопатра

Многу интересен избор, поголем дел од имињата на листата ви се познати. Басил Први или Василиј Први е основач на таканаречената македонска династија во Византија која трае од 867 до 1056 година кога Византија или Источното Римско царство ја доживува својата најголема сила. Тој во истотијата е познат како Басил или Василиј Први Македонецот.

Мохамед Али Паша се смета за основач на модерен Египет, а е роден во Кавала, Егејска Македонија. Мустафа Кемал Ататурк е ставен на оваа листа бидејќи е роден во Солун, а неговиот татко потекнува од местото Коџаџик во околината на Дебар.
И за нас е најважно што историчар од ваков формат ги става браќата Кирил и Методиј на листата на десетте најпознати Македонци или Македонки во историјата.
Плус им задава тежок удар и на Бугарите со браќата Кирил и Методиј, но и на Грците со Александар Македонски.

Клеопатра VII Филопатор (69 п.н.е. – 12 август, 30 п.н.е.) — македонска кралица на Египет која владеел како фараон. Позната е како последен независен владетел на земјата бидејќи по нејзината смрт Египет станал римска провинција.
Клеопатра била припадничка на Птоломејската династија која владеела со Стариот Египет, т.е. наследничка на еден од генералите на Александар Македонски кој ја презел контролата врз Египет после неговата смрт.
Клеопатра на почетокот владеела заедно со нејзиниот татко Птоломеј XII Аулет, а подоцна заедно со нејзините браќа, Птоломеј XIII и Птоломеј XIV, со кого и се омажила согласно со Египетските обичаи.