Колку и на жените да не им се верува, мажите сакаат да се во врска. Правилата и границите може и да ги полудуваат понекогаш, но вистината е дека повеќето мажи имаат потреба да се врзани.
Ергенството е убаво одредено време. Потоа топлината и безбедноста на врската ги имаат своите омилени бенефиции.
Сексот е врзан во крпче
Па, можеби не целосно во сите случаи, но поголемиот дел од времето да. Кога се во врска, на мажите , како и на жените, не им се наметнува да бараат партнер за една вечер. Колку и да звучи чудно за некои, не секој ја има таа среќа – падобранот да може да се отвори апсолутно секој пат кога ќе посакате секс за една вечер. Овие приказни се случуваат во филмовите. Во реалниот живот работите не секогаш стојат така.
Нема утринска болка
Замислете дека сте со девојка / момче со кое сте имале секс за една ноќ. Утрото е секогаш конфузно, ако воопшто едниот остане до зори.
Ако пак сте од неодамна заедно или се гледате само за секс, утринските средби по ноќните страсти се секогаш, така да се каже, непријатни.
При една вистинска врска ниту еден од партнерите нема да мора да се мачи дали изгледа добро рано наутро, дали се шета по долна облека и дали ќе треба да оди до тоалет. Сè е мирно и некако секојдневно. И во тоа нема ништо лошо.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2