Пронајдени остатоци од брод од времето на Исус Христос со интересна содржина

1940

Бродот е пронајден на крајбрежјето на Грција со амфори кои биле користени за складирање храна и вино.

Остатоци од римски брод од времето на Исус Христос пронајдени се на крајбрежјето на Грција, благодарение на садовите кои биле користени за складирање храна.

Експертите велат дека бродот бил со величина од 34 метри во должина и 13 метри ширина.

„Половично е закопан во седиментот, па очекуваме доколку во иднина копаме, да најдеме дел или пак цела дрвена конструкција од бродот“ – изјавил археологот Георг Ферентино.

Тој се надева дека остатоците од бродот успешно ќе бидат извадени од дното на Медитеранот, но конечната одлука за акцијата сè уште не е донесена.

Се верува дека бродот потекнува од периодот од 1-от век пред нашата ера, односно од 1-от век од нашата ера.