Ибрани спортисти на годината од Меѓународната асоцијација на спортски новинари (АИПС)

263

Аргентинскиот фудбалер Lionel Messi и американската гимнастичарка Simone Biles беа избрани за најдобри спортисти во светот за 2019 година од страна на Меѓународната асоцијација на спортски новинари (АИПС).

Напаѓачот на Барселона доби 394 гласови пред кенискиот тркач на долги патеки Eliud Kipchoge (361) и шпанскиот тенисер Rafael Nada (282). Португалскиот фудбалер Cristiano Ronaldo е на четвртото место (240), а потоа следуваат Ф1-шампионот Lewis Hamilton (232), холандскиот фудбалер Virgil van Dijk (159), австрискиот скијач Marcel Hirscher (145), унгарскиот пливач Milák Krištof (143) и словенечкиот кошаркар Luka Dončić (129).

Петкратната светска првенка од годинашниот Светски шампионат во Stuttgart, Simone Biles, славеше и втора година по ред со 452 гласови пред американската фудбалерка Megan Rapinoe (406) и атлетичарката од Јамајка Shelly Ann Fraser-Pryce (331).

Европскиот шампион Ливерпул е најдобриот спортски тим, додека светските новинари наградата за најдобри услови за работи ја доделија на прес центарот на Светскотот атлетско првенство во Доха.

Гласаа 331 новинар од 102 земји.