Пет најчудни околности во врска со катастрофата во Чернобил

142

Последиците од нуклеарната катастрофа во Чернобил се чувствуваат и до ден-денеска, особено во најпогодените реони.

За оваа катастрофа се пишуваат книги, се снимаат филмови и серии, но има неколку околности кои не се доволно познати за јавноста.

Еве за што се работи:

Количина на радијација еднаква на Хирошима?

Околу 30.000 луѓе се наоѓале во ризична близина до реакторот ноќта на 26 април 1986, кога всушност и се случи катастрофалната експлозија. Најизложените „примиле“ дози во просек од 45 рема (тогашна единица мерка за радијација), а истата доза ја „примиле“ и преживеаните од атомската бомба во Хирошима.

Теоретски, оваа измерена доза би го зголемила ризикот за канцерогени заболувања, но не до оној степен колку што реално се разболеле и починале. Подоцна, во понапредна студија, е покажано дека дозиметрите мереле ограничена количина радијација и дека всушност, зрачењето достигнувало и до 10 милиони рема.

Најголемата штета завршила во првите неколку недели

Иако последиците се практично трајни, најголемата штета од нуклеарните катастрофи настанува во првите неколку недели. Во случајот на Чернобил, само 15 минути по експлозијата, радиоактивното зрачење се преполовило, но тоа и понатаму постоело во животозагрозувачки дози.

Исто така, голем дел од зрачењето пробил и низ атмосферската обвивка, а последиците се чувствуваат само од оној дел што е „впиен“ во почвата, водата и градбите.

Смртноста од првиот удар не била толку голема колку што мислиме

Директно од радијацијата, труењето и пожарот починале помалку од 50 пожарникари. Секој од нив бил изложен на пенетрирачка радијација од еден квадрилион гама зраци.

Колку за илустрација, со 100 рема не настанува голема штета и телото само се бори против радијацијата. Со 200 рема се можни симптоми на труење, но и губење прамени коса и мачнини.

Доколку телото прими 300 рема радијација, може да дојде до смрт, но само доколку не се даде итно прва помош и трансфузија.

Немало заштитна структура

Чернобил немал ниту еден систем за заштита, ниту кризна стратегија. Според науката, ако врз реакторот се поставела купола од бетон и челик, тогаш при несреќа штетата за околината и населението би била многу помала.

Чернобил е дивина

По евакуацијата на луѓето, на овој реон се населиле диви животни. Населението кое останало во блиските подрачја постојано се плаши од озрачената популација на дивите животни.

Конкретни сознанија за тоа дали овие животни некако „зрачат“ нема, но она што е сигурно е дека отсуството на „човечка рака“ во Чернобил резултира со постојано населување на животни во ова подрачје.