Научниците барале микропластика во популарните шишиња за пијалоци па останале шокирани од она што го пронашле

707

Тие исто така забележале дека нивото на микропластични честички варирало во зависност од тоа кој пијалок бил во шишето.

Во последно време се зборува многу за микропластиката. Честичките што се резултат на распаѓањето на пластиката може да се најдат насекаде – од најоддалечените агли на Земјата до човечкото тело. Тие биле пронајдени дури и во тестисите и матката.

Дел од микрочестичките внесуваме преку храна контаминирана со нив, а дел преку течноста што ја внесуваме. Француските научници сакале да откријат колку микропластика внесуваме консумирајќи популарни пијалоци во пластични и стаклени шишиња.

Тие анализирале шишиња лимонада, ладен чај, безалкохолни пијалоци и пиво во стаклени и пластични шишиња и она што го откриле ги шокирало. Според научниците од Француската агенција за храна, животна средина, здравје и безбедност при работа (ANSES), пијалоците во стаклени шишиња содржеле околу 100 микропластични честички на литар, што е до 50 пати повеќе од количината што ја пронашле во пијалоците во пластични шишиња.

Очекувавме спротивен резултат, забележа експертот за микропластика, Iseline Chaib.

Кога подетално истражиле за што станува збор, откриле дека во чашата има честички кои всушност доаѓаат од бојата на надворешната страна од капачето што го затвора шишето.

Сепак, тие откриле и дека постои едноставно решение за намалување на количината на микропластични честички во пијалокот – капачињата треба да се дуваат со воздух, а потоа да се чистат со вода и алкохол. Таквата постапка ја намалува контаминацијата до 60 проценти.

Најбезбедно е да се пие…

И тоа не е единственото нешто што го откриле. Тие исто така забележале дека нивото на микропластичните честички е различно во зависност од тоа кој пијалок е во шишето.

Така, газираната и негазирана вода имале најмал процент на микропластика во шишињата (4,5 честички на литар во стакло и 1,6 честички на литар во пластика). Од друга страна, засладените пијалоци имале многу повеќе од нив. Газираните пијалоци во стаклени шишиња околу 30 честички на литар, а лимонадата околу 40 честички на литар.

Дури и алкохолните пијалоци не избегале од микропластиката. Така, алкохолните пијалаци во стаклени шишиња имале 60 честички на литар, додека виното (без оглед на обликот на капачето што се користи за затворање на шишето) било речиси без пластични микрочестички.

Овие големи разлики сè уште не се објаснети, велат од ANSES.

Иако сè уште нема официјални референтни граници што би укажувале што е безбедно за консумирање, а што не, се чини дека најбезбедно би било – да се пие вино.