Најголемиот масакр на морски цицачи во историјата на Фарските Острови | Вознемирувачко Фото/Видео

3807

Познато здружение за заштита на морето верува дека ова е најголемиот масакр на морски цицачи во историјата на Фарските Острови.

Речиси 1.500 бели делфини се убиени минатата недела на Фарските Острови за време на традиционалниот лов наречен “grindadrap”.

Заведени во плитките води на заливот на островот Тие биле одведени до плитки заливи на островот Eysturoy, а по неколкучасовно мачење биле убиени со ножеви или прегазени со чамци. Локалните жители го поздравиле крвопролевањето на животните додека морето добило црвена боја. Некои од нив пленот го однеле дома.

Снимките од масакрот го обиколиле светот и згрозиле на милиони луѓе. Предупредуваме, содржината е многу вознемирувачка.

Sea Shepherd, здружение за заштита на морето, верува дека ова е најголемиот колеж на морски цицачи во историјата на Фарските Острови.

Патем, ловот на морски цицачи, првенствено китови, го практикуваат стотици години. Тамошните власти тврдат дека просечно годишно се ловат по 600 китови, наспроти 35 делфини минатата година и 10 претходната година.

Се повеќе жители се противат на масакрот

Heri Petersen, поранешен претседател на здружението “Grind”, кое лови морски цицачи во заливот Skálabotnur, за локалните медиуми изјави дека премногу делфини биле турнати во заливот и дека премалку луѓе ги чекале на плажа да ги убијат.

„Запрепастен сум од она што се случи“, рече тој за In.fo, додавајќи дека белите делфини лежеле предолго на плажа во грчеви пред да бидат убиени.

Активистите за правата на животните тврдат дека оваа традиција на убивање морски цицачи е сурова и непотребна практика. Од друга страна, оние кои го поддржуваат, ловот на китови го гледаат како одржлив начин за собирање храна од природата и важен дел од нивниот културен идентитет.

„Ако нешто научивме од оваа пандемија, тоа е дека треба да живееме во хармонија со природата, наместо да ја бришеме“, рече Alex Cornelissen, извршен директор на Sea Shepherd. Тој додаде дека се повеќе жители на Фарските острови се противат на ловот на делфини, но се плашат јавно да зборуваат за тоа.