Внимавајте во маркетите | Оваа “здрава храна” всушност не е

368

Не сфаќајте ги здраво за готово препораките од продавачите кога во продавница ќе ви кажат “Е ова е здрава храна“, без да ги прочитате состојките.

Она што треба да го знаете дека не смее да има нездрави масти, шеќери, адитиви, конзерванси, емулгатори…

КЕКС

Стаклените фиоки во продавница за здрава храна се полни со различни видови на кекс. Некои имаат предзнак “диетални”, некои “интегрални”, некои “здрави”, но сите содржат штетни хидроконзервирани билни масла, кои понекогаш на етикетите поминуваат и како “моноглицериди” или “диглицериди” и содржат шеќери кои може да се сокријат зад педесетина различни имиња.

ЕКСПАНДИРАНИ ЖИТАРИЦИ

Тоа се житарици кои под голем притисок и висока температура се надувале. Бидејќи природно немаат никаков вкус, се преливаат со масло или шеќер.

МУСЛИ

Само еднаш е доволно да прочитете декларацијата и ќе видите дека муслите содржат измеѓу 20 и 30 грама шеќер на 100 грама производ, што значи дека има четири до пет лажици шеќер. Во текот на преработката на житариците од нив исчезнуваат нивните хранливи материи, а надуваниот производ е вкусен колку и листовите од весниците. За добар вкус пак би требало да ги заблажите со нешто нели?

ИНТЕГРАЛНИ СТАПЧИЊА

Кога купуваме кеса интегрални стапчиња, убедени сме дека пазариме здрави грицки. Сепак, само половина час подоцне кесата во која стојат стапчињата ќе биде мрсна, бидејќи маргаринот е еден од состојките на овие грисини, кои се пред се пржат во масло.

БИЛНИ СИРЕЊА

Билните сирења се составени од билна маст, билни протеини, пченичен кроб, емулгатор 450, засладувачи, конзерванси, боја. Сето ова е потребно за да нешто направено од билни масти да изгледа и да биде вкусно како кашкавал. Тоа е добра замена за време на постење, но во никој случај не е здрав избор.И да, заборавете на диетите кои предвидуваат билно сирење.