Низ историјата луѓето верувале дека постојат различни знаци кои укажуваат на непосредна смрт, а сето тоа босанскиот новинар Ахмед Босниќ го запишал во својата “Книгата на Тајни”.
Дали некогаш сте се запрашале дали има некои препознатливи навестувања кои би ви укажале на блискоста на смртта?
Босанскиот новинар и публицист Ахмед Босниќ ги истражувал верувањата за знаците кои наводно се појавуваат кога се приближува последниот момент и дава совети на што да се внимава во случај на смрт на некој близок, а сето тоа го објавил во Книгата на Тајни.
Луѓето развиле различни верувања за светот низ историјата. За некого смртта е дефинитивен крај, а за некого незабележителен облик на живот, чекор во земниот живот кој му претходи на духовното повторно раѓање, односно премин од еден во друг облик на постоење и повторно соединување на телото со земјата и душата со духот.
Исто така, постојат многу суеверија во врска со смртта за знаците што ја навестуваат, вистинскиот момент на умирање, за телата на мртвите, ковчезите, подготовката на телото за погреб, погреби, поворки, гробови, спуштање на телото во гроб итн. На пример, според некои верувања, рибарите на море избегнуваат да спомнуваат зајак, свиња, лосос, пастрмка или куче, бидејќи тоа може да им донесе смрт. Некои сè уште веруваат дека криминалците по смртта поцрнуваат како гаврани.
Предзнаци на смртта
Бидејќи луѓето уште од античко време верувале дека смртта никогаш не доаѓа случајно и ненајавено, забележани се голем број лоши предзнаци:
- паѓање на слика од ѕидот во куќата сама од себе;
- завивање на куче без очигледна причина на вратата од куќата на господарот;
- на небото ѕвезда што паѓа;
- риба кога се вади од вода има чуден крик;
- болен во бунило го изговара името на личност која е веќе мртва;
- ѕвонење на црковно ѕвоно во ушите без вистинска причина;
- удар на прица во прозорско стакло;
- птицата влетува во куќата преку прозорец или преку оџак;
- кружење на гавраните над куќата.
Предзнак на смртта се сметало и сонување на каллива вода, ако би сонувале дека нема да умрете. Од друга страна, се верувало дека оној што сонувал дека умрел и лежел гол на земја се осиромашил, а за оној што сонувал дека умрел и бил погребан, се верувало дека ќе отпатува и ќе заработи голем капитал, и ќе се врати како богат човек.
Навестување за часот
Ако ѕвони црковниот часовник за време на проповед или ако ѕвони за време на свадба, се верувало дека некој во селото умрел. Во случајот со домашниот, ѕиден часовник, луѓето создале различни интересни верувања поврзани со смртта:
- кога часовникот ѕвони во време на кое не е навиен;
- кога ноќе се слуша отчукување на часовникот на ѕидот;
- кога часовникот запира без причина;
- кога ќе ја смени брзината на отчукување;
- кога часовникот ѕвони во погрешно време;
- кога ѕвонат два часовника во исто време;
- кога часовникот ќе падне и ќе се скрши;
- кога часовникот ѕвони 13 пати;
- кога часовникот отчукува три пати во просторијата каде што лежи тешко болен.
Процедури по смртта
За да може духот лесно да се одвои од материјалното тело, во моментот на смртта се верувало дека е потребно да се отклучат сите врати, прозорци, да се отворат сите излези од куќата, да се свртат огледалата кон ѕидот или да се покријат, да се запалат свеќи, да се одврзат сите јазли во куќата, да се заѕвони со црковното ѕвоно, за се сопрат часовниците итн. По смртта, се знаело покојникот да се покрие со црвена марама за да не влезе зол дух, а се верувало дека демонот се држел на растојание со ставање монети на очите на мртвите. Тој што не сакал да го сонува покојникот, требал со раката да го допре по челото.
Очите на покојникот се затварале за да погледот не застане на личноста која наскоро би починала, а најблиските роднини на покојникот биле советувани да тагуваат во мир во наредните денови, да не се појавуваат на јавни места и церемонии, да не носат накит и да не се шминкаат, самите да не починат.
Дека духот да не се врати
Исто така, постоело верување дека не е добро да се држи за рака човек кој умира затоа што тоа носи несреќа, дека не е добро да се извади мртов човек од задната врата затоа што се сметало дека тоа носи несреќа. Оној што ќе го допре телото на починатиот може да се надева на среќа, а оној што ќе ја допре главата на починатиот се верувало дека е излечен од многу болести како што се болести на вратот и грлото, како и од брадавици.
За да не се врати духот, се верувало дека телото на мртвите треба да се носи со стапалата свртени напред. Исто така, при носењето треба да се внимава да не се прави круг со телото, бидејќи се верувало дека земјата нема да го прифати. Ако телото се пренесе низ поле, се верувало дека нивата ќе стане неплодна. Ако телото остане незакопано за време на викендот, се верувало дека некој друг ќе умре. Се очекувала смрт и несреќа доколку посмртните останки на лицето биле отстранети веднаш по погребот.
Во случај телото на починатиот да остане топло или млитаво, се верувало дека некој друг ќе умре во истата куќа. Би било несреќен знак ако починатиот лее солзи. Смртта на брод не би била добар знак затоа што би навестувало трагично патување, а ако врнело на мртвото тело, наводно би донело среќа. Ако некој починал здрав, се верувало дека ќе си го продолжи животот на другиот свет, а ако починал на некој голем верски празник, се верувало дека душата сигурно ќе му биде спасена.
Временски услови за погребување
Ако погребот е изршен на убаво време, се верувало дека душата на покојникот ќе заврши во рајот. Ако врне дожд или снег, се мислело дека некој близок на покојникот наскоро ќе почине. Плачењето на погреб значело дека ќе почине некој од вашите познаници. Да се види погреб во сон значело исполнување на желбата, задоволството, радоста, а да го видите вашиот погреб во сон би било знак на тешка судска казна, болест и сиромаштија. Да се сонува раскошен погреб значело добивка, лош погреб означува тешка беда, а да се сонува сопствен погреб значело добро здравје и долг живот. Се верувало дека сонот за погребот на блиска личност носи тешкотии, загуби и болест, а погребот на непозната личност се верувало дека носи радост и среќа, пишува Ахмед Босниќ.



















