Во текот на историјата на Земјата се случувале неочекувани посети на астероиди. За очекување е тоа да се случи и во иднина.
Кои се шансите за сериозен судир?
Во текот на историјата на Земјата ѝ се случувале неочекувани посети на астероиди. За очекување е тоа да се случи и во иднина.
Кои се шансите за навистина сериозен судир?
Дали властите трошат доволно за да спречат ваков инцидент ако дојде до него?
За да добиете одговори на овие прашања, треба да знаете колку објекти се блиску до Земјата. Проценките велат дека во орбитата околу Сонцето на растојание од околу 193 милиони километри има на милиони објекти како што се астероиди и комети со различни големини.
Може да ни се закануваат оние кои ни приоѓаат на оддалеченост од 7,4 милиони километри и имаат дијаметар од најмалку 140 метри. Ако небесно тело од таа големина се судри со Земјата, може да го уништи цел град и голем дел од регионот што го опкружува.
Помалите астероиди се исто така голема закана
Поголемите тела – километар во дијаметар и повеќе – би можеле да имаат последици на глобално ниво, па дури и да предизвикаат масовно истребување.
На пример, астероидот што ја погодил областа на денешниот полуостров Јукатан пред 65 милиони години имал дијаметар од 10 километри. Го уништил најголемиот дел од флората и фауната на Земјата, вклучително и диносаурусите.
Помалите тела исто така можат да предизвикаат значителна штета. Кога небесно тело со дијаметар од околу 50 метри експлодирал над реката Тунгуска над Сибир во Русија во 1908 година, ударниот бран соборил повеќе од 80 милиони дрвја на површина од 2.100 квадратни километри.
Пред девет години, астероид со дијаметар од само 20 метри експлодирал во атмосферата над рускиот град Челјабинск. Тој испуштил енергија споредлива со 30 атомски бомби фрлени врз јапонскиот град Хирошима. Тогаш биле повредени над 1.100 лица, а материјалната штета достигнала 33 милиони американски долари.
Следниот астероид кој доволно ќе ни се приближи е 2005 ED224, со дијаметар од 50 метри. Шансите за судир на 11 март 2023 година се еден на 500.000.
Во 1998 година, американската вселенска агенција NASA доби задача да пронајде и следи 90 отсто од блиските небесни тела со дијаметар од километар или повеќе во следните десет години. Оваа цел беше постигната и надмината во 2011 година.
Во 2005 година, задачата беше проширена за да вклучи најмалку 90 проценти од вселенските тела со дијаметар од 140 метри или поголеми до 2020 година. Тоа не се случи. Застанаа на 40%, најмногу поради недостиг на финансии.
Од 1 февруари оваа година, астрономите лоцирале 28.226 астероиди блиски до Земјата, од кои 10.033 се со дијаметар од најмалку 140 метри, а 888 најмалку километар. Секоја недела на таа листа се додаваат околу 30 нови вселенски тела. Неодамна, еден од нив е со дијаметар од два километри.
Лансирањето на инфрацрвениот вселенски телескоп NEO Surveyor е закажано за 2026 година, чија мисија ќе биде откривање на потенцијално опасни астероиди.
Слепа точка
Можеме да спречиме судир со небесно тело само ако знаеме дека ни се приближува. Астероидите знаеле да нè изненадат низ историјата.
Така, на пример, во 2019 година, на оддалеченост од само 72,4 илјади километри покрај нас помина астероид со големина на фудбалско игралиште.
Во текот на изминатата година ни се приближи астероид со големина на авион 747, додека во 2012 година имавме блиска средба со небесно тело со дијаметар од еден километар. Сите овие три случаи, ги откривме само еден ден пред да поминат покрај Земјата.
Истражувањата покажуваат дека поради ротацијата на Земјата се формира слепа точка, во која не можеме да видиме поединечни астероиди или ни се чини дека се неподвижни. Ова може да биде проблематично бидејќи не утињаат сите астероиди кои не изненадуваат.
Така, на пример, во 2008 година, астрономите забележале мал астероид само 19 часа пред да удри во рурален дел на Судан.

Како да се одбраниме?
Затоа, раното откривање е од клучно значење за заштита. Се проценува дека се потребни пет до десет години подготовка доколку сакаме успешно да се одбраниме. Еве што можеме да направиме:
- да се евакуира и помогне на погодената област
- да се испрати вселенско летало кое ќе ја користи гравитацијата за да ја промени траекторијата на небесното тело
- да се испрати вселенско летало да удри во небесно тело
- да се детонира нуклеарна бомба во близина на небесно тело
Трошење за планетарна одбрана

Делот од буџетот за планетарна одбрана на NASA минатата година изнесувал 158 милиони долари, само 0,7 отсто од вкупното финансирање на агенцијата (и 0,02 отсто од буџетот за одбрана на САД).
Овие средства покриваа мисии како што се NEO Surveyor (83 милиони долари), DART (324 милиони долари) и OSIRIS-Rex (1 милијарда долари во текот на неколку години).
Во ноември 2021 година, NASA ја лансира мисијата за тестирање за двоен астероид за пренасочување (DART), која треба да утврди дали е можна планетарна одбрана.
Во септември оваа година ќе се обиде да ја промени траекторијата на големиот астероид Didymos и неговата мала месечина – кои моментално не претставуваат закана за Земјата – така што ќе забијат сонда тешка 610 килограми во неговата Месечина со брзина од 22.500 километри на час.
Исто така, ќе биде корисно да се знае од што се состојат астероидите кои можат да ја загрозат Земјата.
Астероидот Bennu е со дијаметар од 490 метри. Ќе ни се доближи многу на 24 септември 2182 година, со коефициент еден наспроти 2.700 за судир.

Астероид со таа големина може да уништи цел континент. Затоа, во 2016 година, NASA ја испрати сондата OSIRIS-Rex да го проучува. Сондата успешно пристигнала на астероидот, ја снимила и земала примероци. Таа треба да се врати на Земјата следната година, пишува Next Web.



















