Еве една поучна, стара приказна за мажите и нивните жени.
Во старите времиња, Господ заслепил десет луѓе. Едниот од нив орал земја, другиот ги чувал овците, а третиот ловел … По некое време побарале од Господ:
„Се е тука, но нешто ни недостасува. Досадно ни е“.
Господ им дал тесто и рекол:
„Нека секој од вас нека направи за себе жена по избор: полничка, слаба, висока, малечка … Но, јас ќе им внесам живот“.
Тогаш Господ извадил грутки шеќер и ги ставил пред нив:
“Тука има десет парчиња шеќер. Секој од вас нека земе по едно и дадете го на вашите жени за да ви биде животот посладок”.
Тие тоа го направиле, но Господ се налутил:
“Има еден измамник меѓу вас, бидејќи пред вас имаше 11 парчиња шеќер! Некој земал две парчиња?”
Сите молчеле. Господ ги зел нивните жени и ги измешал, а потоа повторно ги поделил по случаен избор. Оттогаш, девет од десетте мажи мислеле дека туѓата жена е послатка, затоа што го изела дополнителниот шеќер.
Додека само еден од нив знаел дека сите жени се исти, затоа што тој го изел дополнителниот шеќер.