Реакции на организмот кои треба сериозно да се сфатат

222

Нашето тело претставува една комплицирана „машина“. Како и секоја друга машина и телото испраќа сигнали доколку настане некој проблем, во овој случај тоа е неправилната работа на органите и системите.

Луѓето често пати не им даваат никакво значење на овие сигнали, што е навистина голема грешка.

Доколку ги забележите овие 10 промени на вашето тело, тоа значи дека вашиот организам ви испраќа сигнали кои морате да ги сфатите сериозно, бидејќи тоа значи дека се случуваат некои промени кои можат да доведат до несакани последици.

Темни кругови под очите

Темните кругови под очите се појавуваат доколку не спиете доволно и немате квалитетен сон. Докторите препорачуваат да не се спие помалку од 7-8 часа во текот на ноќта. Исто така, темните кругови можат да бидат последица од сосема друга причина, како на пример анемија. Тоа е ситуација кога организмот не произведува доволно црвени крвни зрнца, што води кон појава на темни кругови под очите.

Промена на бојата на прстите

Доколку забележите промена на бојата на прстите на рацете, тогаш треба да знаете дека тоа е последица на сериозен проблем. Тоа е знак дека имате синдром на студени раце, познат како Рејно феномен, состојба кога ниската температурата предизвикува грчење на крвните садови, што води до промена на бојата на кожата на прстите.

Заматен вид

Ако често ви се случува да ви се заморуваат очите и често пати доаѓате до ситуација да сте во близина на уличните знаци, а не можете да ги прочитате, тогаш шансите дека имате кратковидост или астигматизам. Најдобро е да посетите стручно лице.

Црни точки во видот

Тоа можат да бидат дамки, точки или бледи линии кои се појавуваат како да лебдат пред вашите очи. Најчесто се појавуваат на силна светлина. Доколку постојано ги гледате во период подолг од недела дена, тогаш задолжително посетете очен лекар. Овие дамки или точки, можат да значат појава на катаракта или други сериозни проблеми со видот.

„Музика“ во стомакот

Крокорењето во стомакот е последица на процесите од работата во вашите црева. Доколку поретко ви се случува да ви кркорат цревата тогаш нема потреба од грижа. Но доколку тоа ви се случува често, а во меѓувреме чувствувате и болка, тогаш задолжително посетете доктор.

Лупење на кожата

Лупењето на кожата е знак дека ви недостасуваат витамини. Балансираната исхрана за брзо време ќе ја врати вашата кожа во нормала. Но, доколку излупеното место предизвикува и чешање, тогаш би требало да посетите доктор. Оваа ситуација може да значи и габична инфекција.

Делумно губење на мирисот

Намалувањето на чувството за мирис како што стареете е последица од нарушување на нервниот систем. Но, доколку сте сè уште млади, а забележувате дека го губите сетилото за мирис, тогаш веднаш посетете доктор. Тоа може да биде последица од силна настинка или други вирусни инфекции.

Грчење во очните капаци

Продолженото грчење на очните капаци можеби да биде знак дека вашите очи се преморени. За да го избегнете тоа, веднаш измијте ги очите со памук натопен во ладна вода. Доколку тоа не ви помогне и грчењето продолжи, тогаш треба да се обратите кај стручно лице. Ова може да биде знак за сериозен проблем со нервниот систем.

Зуење во ушите

Тинитус претставува чувство на зуење во ушите и поголемиот дел од луѓето воопшто не обврнуваат внимание на оваа ситуација бидејќи ја сметаат за нормална. Но постојаното зуење во ушите може да биде предизвикано од некоја болест. Сепак, честа причина за оваа појава е доколку долго време сте биле изложени на гласна музика.

Дислокација на рамениот зглоб

Некои луѓе се родени со флексибилни лигаменти, но некои често пати ги повредуваат за време на спортски активности. Рамениот зглоб често пати се случува да биде исчашен, па затоа е потребно многу да внимавате за да не дојдете до ситуација на тешки повреди или дислокација.