Намирници кои ќе ви го скратат животот, тивко, полека, но сигурно 

741

Говедското, пилешкото и млечните производи се редовен дел од вашата исхрана, можеби е време да направите некои промени.

Имено, студијата спроведена од Медицинскиот факултет на Универзитетот Пен Стејт во Херши, Пенсилванија, покажа дека овие три вида на храна можат да ви го скратат животот.

Потенцијалната опасност лежи во фактот што говедското, пилешкото и млечните производи содржат сулфурни амино киселини. Студијата покажа дека консумирањето големи количини на овие киселини може да доведе до поголем ризик од кардиоваскуларни болести, па дури и до фатален исход.

Кога истражувачите ги прегледале резултатите на речиси 120.700 учесници од две долгорочни студии, откриле дека оние кои земале двојно поголема количина на сулфурни аминокиселини отколку што се сметало за разумно „имаат 12% зголемен годишен ризик од развој на кардиоваскуларни болести и 28% зголемен ризик на умирање од оваа состојба во текот на 32-годишниот период на истражување“. Тие исто така открија дека повеќето од сулфурните амино киселини доаѓаат од храна како говедско месо, пилешко и млечни производи.

„Новото истражување укажува дека исхраната богата со животински протеини е поврзана со полошо здравје. А типичната американска исхрана содржи премногу од таа храна“, вели д-р Лиза Јанг, нутриционист во приватна пракса.

Студијата, исто така, покажува дека здравата исхрана за срцето треба да вклучува повеќе овошје и зеленчук и растителни протеини како грав и јаткасти плодови наместо месо и млечни производи.

„Не мора да ја елиминираме храната богата со сулфурни аминокиселини, како месото и млечните производи, но треба да се фокусираме на создавање здрави модели на исхрана“, вели Јанг.