Што бараат изневерувачите ?

1042

Барајќи забава надвор од брачната одаја, склоните кон изневери индивидуи се залгаат претежно на дискреција, пишува “Дејли стар”, повикувајќи се на резултатите од една студија направена од сајтот за вонбрачни афери Сафрина.

Анкетата покажува дека за 33 проценти од изневерувачите основниот услов од потенцијалниот вонбрачен партнер или партнерка е да биде дискретен.

20 проценти од учесниците во анкетата одговориле дека бараат одговорни или мистериозни партнери за вонбрачни милувања.

И иако самите тие се семејни, над 50 проценти од анкетираните корисници на сајтот одговориле дека кога изневеруваат, преферираат необврзани партнери.

Резултат со слика за A MAN WHEN CHEATING A WOMAN

Голем дел од изневерувачите оддаваат избираат краткотрајни афери со времетраење помеѓу еден и три месеци, наместо на сексот за една ноќ.

Над 20 проценти преферираат вонбрачни врски со траење од три и 11 месеци.

Само 17 проценти од учесниците во анкетата велат дека бараат партнери за долгорочни афери кои ќе продолжат година или повеќе.