Влијанието на овие луѓе навистина е токсично за вашиот живот и вашето ментално здравје.
Тие лесно ќе ве убедат дека вие немате никаква вредност и дека не би можеле да функционирате без некој како нив.
Сепак вистината е сосема спротивна. Доколку сакате да го промените вашиот живот почнете така што ќе ги исфрлите овие луѓе. А, еве како да ги препознаете:
Не знаат да слушаат
Тие никогаш нема да застанат и да го сослушаат вашиот проблем или мислење. Кога и да почнете да зборувате со нив на оваа тема тие брзо го вртат разговорот во друга насока и на крај завршувате вие слушајќи ги нивните проблеми.
Секогаш се жртви во секоја ситуација
Што и да се случи, секогаш тие се жртвите во секоја ситуација. Од ваквите личности нема никогаш да слушнете извинување или признавање на вина. Едноставно тие се безгрешни и секогаш некој ги повредува нив.
Постојано ги осудуваат другите
Ваквите луѓе се сметаат за доволно компетентни да дадат оцена дури и за луѓето кои ги виделе само еднаш и, во суштина, воопшто не ги познаваат. Секако да не зборуваме дека таа оцена со сигурност ќе биде негативна.
Имаат потреба од внимание
Имаат потреба постојано да бидат во центарот на вниманието дури и ако тоа значи дека треба да ги прекинуваат другите, да бидат неучтиви или да зборуваат гласно.
Продолжува на страна 2