Што е можно подалеку од овие типови на луѓе

1777

Немаат почитување за другите

Ако договорите состанок со нив големи се шансите да доцнат и за сето тоа да биде виновен сообраќајот, бавниот работник на паркингот… никогаш тие.

Не знаат за сочувство

Баш им е гајле за старата бабичка која одвај ја поминува улицата, нивниот најголем проблем е што тоа ќе им одземе неколку минути од нивното драгоцено време зад воланот.

Самите го хранат сопственото его

Постојано се фалат и кажуваат колку се добри и вешто во секоја можна дисциплина.

Вршат психичка или емоционална злоупотреба

За ова не треба воопшто да се објаснува. Ако на кој било начин чувствувате дека сте злоупотребени веднаш отстранете ги тие луѓе.

Никогаш не признаваат дека згрешиле

Дури и кога се свесни дека не се во право и згрешиле нешто, тие никогаш нема да го признаат тоа. Секогаш ќе најдат некаква причина или ќе обвинат некого за што и да се случило.

Не преземаат одговорност за себе

Доколку планирате да им доделите некаква обврска веднаш заборавете на тоа. Тие ќе смислат безброј изговори и на крајот сами ќе мора да ги завршите сите работи.