Паровите кои живеат одвоено ни ја откриваат тајната на успешна врска

434

Се повеќе парови се одлучуваат да се поврзат, но не и да живеат заедно? Зошто е тоа така?

Психотерапевтор Луси Берефорт е автор на книгата “Среќни врски”. Таа мисли дека успешните двојки успешно одржуваат баланс на емотивно и независно поле. Тоа всушност им помага на луѓето во одржување на индивидуализмот.

Така на пример некои партнери сакаат определени нешта како на пример соба за медитација или посебен вид на плакар, а другиот партнер не се согласува со тие идеи и на тој начин доаѓа до соодветна колизија во односите. Постепено се собираат вакви слични ситуации и веќе избива конфликт. Паровите кои живеат одвоено се поштедени од вакви конфликти, бидејќи можат да си ги приуштат ваквите работи.

Исто така партнерите секогаш треба да бидат емоционално индивидуално и никогаш да не чекаат дека некој треба да ги спаси или секогаш да им биде од помош. По се изгледа, паровите кои живеат одвоено, ваквата индивидуалност поубаво ја имаат совладано.

Живеењето одвоено им помага на партнерите полесно да си поминуваат време сами со себе и на тој начин не доаѓа до претерано дружење, односно гушење во врската. Постојат некои ситуации каде после избивање на конфликт, партнерите имаат потреба да бидат сами, а доколку живеат заедно тоа не е можно.

Сепак постојат определени вредности од кој што никој не треба да бега а тоа е: сочувство, компромис и почит.