Со една шака ореви дневно без срцеви заболувања

71

Доколку сакате докажана превенција од рак, срцеви заболувања, предвремено стареење и други здравствени тегоби, не ви треба ништо повеќе од една шака ореви дневно.

„Оревите ги надминуваат кикириките, бадемите, ф’стаците и сите други јаткасти плодови во количината на антиоксиданси“, изјавил Џо Винсон од Универзитетот Скрантон, Пенсилванија кој детално ги анализирал овие плодови.

Тој тврди дека се потребни околу седум ореви на ден за да ја извлечеме максималната здравствена и нутриционистичка корист од ова специфично јаткасто овошје.

„Шака ореви (околу 28 грама) содржи повеќе антиоксиданси отколку збирот на антиоксиданси кои просечна личност ги добива од овошјето и зеленчукот. Но, за жал луѓето не ги конзумираат во доволна количина. Истражувањето сугерира дека би требало да јадеме повеќе ореви во склоп на здравата исхрана“, додал Винсон.