Ако размислите за љубовниот живот, тоа што моментално би ви натерало да се насмевнете е вашиот партнер. Го нарекувате големата љубов, единствениот.
Патот пред да го сретнете бил возбудлив, интересен со различни типови мажи кои за некој временски период биле дел од вашата врска.
Како момчето на мама, оној што ви го скрши срцето, оној кој не запираше да ве лаже. Да, секоја жена среќава одредени типови мажи пред големата љубов, а еве ги и останатите.
Најдобриот пријател
Со него може да разговарате со часови, тој знае за сите ваши врски и љубовни болки, како и вие за неговите. Секогаш се смеете кога сте во негово друштво, ви се допаѓаат неговите блиски и тие вас. Во даден момент помеѓу вас имало искри, но на крајот хемијата недостасува.
Постариот маж
Мажот кој е неколку години постар од вас. Галантен, кој знае како да ве освои, во кој ресторан да ве одведе, како да си поминете максимално пријатно во спалната, човекот со најубавите подароци.
И покрај незаборавните моменти во врската, понекогаш тој како да не ве разбираше, особено кога се однесувавте слободно, лудо и детински, или, пак, веќе сакал брак, семејство, но вие не сте биле на овој бран.
Женетиот / Во врска
Дури и да не сакате да признаете пред пријателките, а и не е потребно, само вие знаете дека некогаш сте имале односи со врзан маж. Долги и мачни односи, во кои се надевате дека ќе го добиете навистина неговото срце.
Празници, убави моменти во кои бевте сами, бидејќи се одлучивте да имате врска со врзан маж. Возбудлива, ризична, разочарувачка врска. Добро е што веќе е во минатото.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















