Една краставица дневно секој ден

89

Краставицата е зеленчук кој обезбедува доволна хидратација на телото, а со тоа ја регулира и терморегулацијата во топлите денови.

Но, тука не завршуваат бенефитите. Јадете најмалку по една краставица секој ден, било да е како ужина или во салата. Телото ќе ви биде благодарно.

Веднаш по првиот месец секојдневно консумирање краставици ќе забележите дека полесно ги согорувате мастите во телото, а подобрено е и варењето.

Ако не сакате да се „налевате“ со течности, тогаш краставицата е одличен начин за внатрешна хидратација на телото. Со тоа, веднаш ќе забележите дека и тенот ви е подобар, а кожата посјајна.

Некои дури и забележале дека косата им е пожива и помалку паѓа. Благодарение на сите овие бенефити, и вие ќе се чувствувате генерално подобро.