Бидете блиску до децата, тие се дават тивко

1435

Доколку имате мали деца, до ова морате да се придржувате без исклучоци. Не ги оставајте децата без надзор ни на секунда. Децата се дават тивко.

Пливањето во базените може да биде многу забавно, но родителите мораат да се придржуваат до овие правила, без исклучок.

Никогаш не ги оставајте децата сами во близина на вода.

Кога децата се мали, непливачи или полупливачи, секогаш мораат да ви бидат на дофат на рака, попрецизно, секогаш морате да биде доволно блиску за да можете да ги допрете со рака.

Доколку детето се капе во базенче на пумпање кога ќе завршите со капењето, задолжително од базенот извадете ги сите играчки, бидејќи играчката која плови може да го привлече вниманието на детето кое може да се обиде да ја дофати и кога вие не сте во близина.

Базенчињата на пумпање можат да бидат сериозно опасни за децата помлади од пет години.

Овие базени не мoжете да ги оградите, и затоа најдобра мерка е секогаш, ама буквално во секој момент да сте до детето.

Ниту секунда, ниту минута, ни дел од секунда да не се двоите од вашето дете.

Кога ќе завршите со играњето, испразнете го базенчето и оставете го да се исуши, а за секое следно пливање потребна е свежа вода, стоената вода, доколку нема филтри, специјални средства за дезинфекција и сл. е плодно поле за бактерии.

Доколку базенот во вашиот двор е голем, правилата се уште построги, вие мора да бидете со вашето дете постојано во водата.

Имајте во предвид дека гумата за пливање или пак мускулите воопшто не се никаква сигурност, доколку не сте во близина.

Децата можат да се удават и во плитко базенче или кадичка за помалку од 20 секунди. Доволни се само неколку сантиметри вода.

Децата се дават тивко, без прскање и борба со водата, без мафтање со рацете.

Никогаш не ги оставајте сами во вода, истите овие правила со многу поголема мерка на безбедност важат и за реките, езерата, морињата. Таму опасноста е уште поголема, затоа вашите деца во вода мора да бидат постојано со ваша придружба, без исклучоци.