Со оваа вежба ќе го подобрите лошото држење на телото

235

Лошото држење на телото не е убава глетка и со тек на време може да започне да ве исцрпува.

Овие денови, неправилното држење на телото станува сѐ полошо и полошо и младите не водат толку сметка за нивното физичко здравје.

Прекумерната тежина, постојаното седење, стресот и зависноста од Интернетот и статичните работи се едни од главните причинители за лошото телесно држење.

Но, за среќа постои начин да се реши овој проблем со помош на едноставна и брза вежба.

Легнете на вашиот стомак, со вашето лице свртено кон подот. Полека подигнете го предниот дел од телото, со главата нагоре, колку што можете повисоко, сѐ додека ви е удобно. Немојте да се форсирате. Држете ги рацете покрај страните и ставете ги дланките на вашите колкови.

Правете ја вежбата 10 минути. На овој начин, успешно ќе се ослободите од напнатоста и тензијата која се чувствува во мускулите на грбот и нозете.

За почеток, 10 пати се доволни. Повторувајте ја оваа вежба секојдневно и постепено додавајте минути. Со тек на време, вашиот грб ќе се зацврсти и ќе се исправи и конечно ќе можете да му речете збогум на лошото држење на телото.