Родена без рака, ја задевале на училиште, а денес таа е најбараниот модел во светот!

12494

Многу луѓе нѝ покажале дека не дозволиле нивната инвалидност да ги ограничува во било која сфера на животот. Честопати се жалиме за некои нешта и толку лесно се откажуваме, а тие луѓе смело чекорат низ животот.

Шахоли Ајерс, иако родена без рака, не дозволила тоа да ја спречува во ништо. Денес е најбараниот модел во светот.

Верувала во себе, никогаш не се откажала, па така станала модел. Таа ќе стане заштитно лице на српската креаторка Марина Илиќ и модната линија “Marinia” за Америка.

Shaholly е родена на Флорида, а живее во Хонолулу. Марина Илиќ вели дека нејзината ведрина, енергија и харизма се неверојатни. И поради нејзината увереност дека во своите соништа треба да се верува, одлучиле таа да биде заштитното лице.

Таа е олицетворение на вистински вредности, во тоа сите се согласуваат. Овие примери нè учат да бидеме благодарни за она што го имаме и да не се откажуваме. Нашите соништа можат да се реализираат.