„Една баба е на каса во супермаркет и на ред е да плати. Зад неа во редот е помлада жена со палав син од 9 или 10 години.
Синот постојано ја турка количката на мајката, која веќе 5-6 пати ја удрила бабата по нозете. Бабата се свртела кон малото и го замолила да престане да ја удира. Бидејќи малиот продолжил, бабата ѝ се обраќа на мајката: „Нели можете да му кажете на вашиот син да не ме удира?“
Младата дама, без возбуда – ладно одговара: „Не! Мојот метод на воспитување му дозволува слобода да прави што сака, сè додека не дојде до неговата свесност дека тоа што им го прави на другите не е правилно. Научно е докажано дека овој метод е далеку поефикасен!“
Во редот зад дамата со детето, има еден дечко на 20-тина години, кој внимателно го гледа и слуша сето ова, а во раката држи тегла со џем. Кога дамата го заврши објаснувањето за начинот на воспитување, го отвори капакот на теглата и мирно ја истресе целата тегла со џем на главата на младата дама. Сета бесна, надвор од нејзиниот ум, дамата се сврте кон дечкото, а тој ладнокрвно одговори: „Знаете, госпоѓо, јас сум воспитан слободно, на ист начин како и вашиот син. И, еве, го гледате резултатот!“
Старицата весело се сврте кон касата и ѝ вели: „Ве молам, стави ја теглата џем на мојата сметка!“
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.