Научниците предупредуваат дека ако драстично не го промениме правецот, се движиме кон крајот на цивилизацијата

1321

Во следните неколку децении ќе ѝ дојде крајот на цивилизацијата на која што сме навикнати, предупреди научникот Paul Ehrlich.

Дали човечката цивилизација е на надолна траекторија и сигурен пат кон уништување?

Ако ги прашате научниците од Stanford, ситуацијата не е добра.

Во гостувањето во „60 минути“, биологот од Stanford Tony Barnosky, кој ги користи фосилните записи за мапирање на промените во екосистемот со текот на времето, истакна дека, гледајќи ја историјата, денешните стапки на изумирање се 100 пати повеќе од стапката што сме ја имале во историјата.

Тој објасни дека тоа значи дека Земјата моментално минува низ најлошата епизода на масовно истребување од времето на диносаурусите. И додека Земјата неколку пати во текот на својата историја се опоравила од ваквите катаклизмични настани, додаде Барноски, повеќето живи суштества што живееле на Земјата не го направиле тоа.

Дури и ако луѓето преживеат, предупредуваат научниците, широките ефекти од масовното истребување, вклучувајќи уништување на живеалиштата, нарушувања во природниот синџир на исхрана, неплодност на почвата и многу повеќе, ќе предизвикаат колапс на современото општество какво што го знаеме.

Можеби е премногу да се каже дека ја убиваме планетата, бидејќи ќе биде добро. Но, ние го убиваме нашиот начин на живот, предупреди Barnosky.

Значи, што можат луѓето да направат? Односно, дали можеме да промениме таков мрачен редослед на настани?

Научниците долго време алармираат и предупредуваат дека доколку човештвото драстично не ги промени своите навики и не го запре уништувањето на природните живеалишта и ресурси, иднината ќе биде многу непријатна.

Во следните неколку децении на цивилизацијата на која сме навикнати ќе ѝ дојде крајот, предупреди неговиот колега Paul Ehrlich.

Токму Ehrlich почна да предупредува за опасностите од модерниот живот во неговата книга „Популацијска бомба“, која е објавена далечната 1968 година. Иако во книгата претстави цела низа прогнози кои не се остварени, додека двете големи за жал се остварени.

Пред повеќе од 50 години, Ehrlich предупреди дека стакленичките гасови ќе доведат до топење на поларниот мраз и дека човештвото ќе ја совлада дивината.

Според Ehrlich, проблемот е „премногу луѓе, премногу потрошувачка и манија на растот“ – реалноста за која малкумина би тврделе дека покажува некакви значителни знаци на забавување.

Човештвото не е одржливо. За да го одржиме нашиот живот, ќе ни требаат уште пет Земји, рече Ehrlich. Ресурсите што би биле потребни, системите што ги поддржуваат нашите животи, биодиверзитетот што го бришеме, заклучи тој и на крајот многу сликовито ја опиша целата ситуација –

ЧОВЕШТВОТО СЕДИ НА ГРАНКА ШТО ЈА СЕЧЕ !