Љуљзим Сулејмани: “Луѓето почнаа да повраќаат, а јас со чекан го скршив стаклото …“

2336

Љуљзим Сулејмани од Прешево и неговата свршеничка, Медина Љутфи (25) од кумановски Сопот, од софиската Клиничка болница за ТВ Клан го раскажаа пеколот што го доживеале на автопатот, кога рано утрово изгоре автобусот на туристичката агенција „Беса Транс“ и животот го загубија 45 луѓе.

„Автобусот во движење удри од десната страна во тротоарот. Тркалата пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево. И сам застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Успеав да избегам некако. Подоцна го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица“, изјави Сулејмани за ТВ Клан.