Ботоксот е ефикасен и безбеден при лекување на мигрена и други невролошки болести, тврди Американската академија за неврологија.
Користен за мазнење брчки, ботоксот го намалува опуштањето на мускулите и преносот на сигналите за болка, објаснуваат научниците.
Покрај при хронична мигрена, ботоксот помагал и при грчеви, цервикална дистонија и блефораспазам.
За хронична мигрена се смета онаа која продолжува 15 или повеќе дена.
За првпат Американската академија за неврологија издаде препораки поврзани со мигрената.